Весникот „Македонски Спорт“ објави сензационална вест најавувајќи четири големи засилувања за ракометниот клуб Вардар за следната сезона.Бројните квалитетни засилувања минатата сезона во РК Вардар веројатно беа само најава на она што следува за следната сезона. Весникот „Македонски Спорт“ објави сензационална вест во која најави дека „црвено-црните“ ќе прават вистински дрим тим кој би можел да стигне и до пехарот во Лигата на шампионите.
Капитенот на Македонија Кире Лазаров, потоа најдобриот ракометар на последното ЕП Никола Карабатиќ, голманот на Барселона Штербик како и Сергеј Рутенка ќе бидат новите засилувања за РК Вардар.
Заедно со Душебаев, Дибиров, Карачиќ, Растворцев и најавените нови четири мега ѕвезди, тренерот Раул Гонзалес Гутиерез ќе има вистински дрим тим.
„Македонски Спорт“ пишува дека, иако РК Вардар засега не ги потврдува овие информации, сепак тие од свои извори дознаваат дека најдоцна до септември годинава Лазаров, Карабатиќ, Рутенка и Штербик ќе истрчаат на паркетот во салата „Кале“.Бројните квалитетни засилувања минатата сезона во РК Вардар веројатно беа само најава на она што следува за следната сезона. Весникот „Македо