Најновото истражување покажа дека луѓето кои пијат алкохол имаат подолг живот, во споредба со оние кои воопшто не пијат алкохол.Спорната студија тврди дека лицата кои регуларно пијат живеат подолго од лицата, кои одлучиле воопшто да не конзумираат алкохол.
Истражувањето објавено во списанието „Alcoholism: Clinical and Experimental Research“ откри дека луѓето кои не пијат алкохол умираат многу порано, без разлика на тоа дали некогаш пиеле или не.
Луѓето кои „умерено“ пиеле, односно од еден до три пијалоци дневно, имаат најголеми шанси за подолг живот.
Тимот, предводен од Чарлс Хулахан, психолог од Универзитетот Тексас, следеше 1824 лица во текот на период од 20 години. Сите учесници биле на возраст од 55 до 65 години.
Скоро 69 % од учесниците кои не пиеле алкохол, починале во текот на истражувањето, во споредба со 60 % од оние кои редовно пиеле поголема количина на алкохол.
Само 40 % од оние кои пиеле „умерено“, починале во текот на тој период.
Овие резултати дојдоа откако тимот контролираше бројни варијабилности како што се социо-демографските фактори и здравје.Спорната студија тврди дека лицата кои регуларно пијат живеат подолго од лицата, кои одлучиле воопшто да не конзумираат алкохол.



