Тим експерти од клиниката Мајо, тврдат дека успеале целосно да излечат една пациентка од рак, вбризгувајќи и вирус од мали сипаници.Пациентката (49), се борела со многукратен миелом, рак кој влијае на коскената срж. Неколку пати била на хемотерапии и на трансплатација на клетки, но тоа не било доволно.
Лекарите тогаш одлучиле да и дадат поголема доза од вирусот на малите сипаници, морбили, за кои се знае дека се „селективно токсични“ за плазмата на клетките на миеломот. Нормалната доза за вакцина против мали сипаници содржи 10.000 инфективни единици на вирусот. Дозата која и беше дадена на пациентката имала 100 милијарди инфективни единици.
– Имаме терапија која ја даваме само еднаш, а исходот може да биде долгогодишна ремисија на ракот. Веруваме дека ова би можело да стане лек, бидејќи нашата пациентка фантастично реагирала, изјави водачот на студијата, хематологот Стивен Расел.
И покрај нус појавите во вид на ужасна главоболка, температура и повраќање, туморот на нејзиното чело исчезнал, а коскената срж и се прочистила. Ремисијата траела девет месеци. Кога туморот на челото повторно почнал да расте, таа беше ставена под локална радиотерапија. Локалните медиуми наведуваат дека жената сега е здрава и дека лекарите се надеваат дека идниот месец ќе биде потврдено дека нема рак.
Друга пациентка која што учествувала во оваа студија ја немала таа среќа. Жената имала големи тумори по нозете и терапијата не ги намалила. Меѓутоа, лекарите успеале да ја лоцираат траекторијата на движењето на вирусот на сипаниците во нејзиното тело и откриле дека сипаниците навистина ги напаѓаат областите во кои растат туморите.
Лекарите сега се надеваат дека вирусотерапијата би можела да стане стандарден начин за лечење на рак, иако за тоа се потребни уште многу истражувања. Следен чекор е нова студија во септември, кога вирусот на малите сипаници ќе биде применет врз повеќе пациенти.
Пациентката (49), се борела со многукратен миелом, рак кој влијае на коскената срж. Неколку пати била на хемотерапии и на трансплатација на клетки,



