Шведските научници пронајдоа начин за брзо елиминирање на хроничната болка без употреба на лекови.Според податоците на Универзитетот во Линчепинг во Шведска, група истражувачи дошле до интересно откритие кое би требало да овозможи моментален прекин на сите, па дури и хроничните болки.
Истражувачите од Лабораторијата за органска електроника предложиле да се контролира преносот на сигнали од нервните клетки кон мускулите, со што на телото би му се овозможило да се избори против болката, но и да запре епилептични напади.
За таа цел е потребно да се пронајде начин до клетките да се пренесат потребните сигнали кои се аналогни на природните сигнали на организмот. Исто така, неопходно е производството на саканите ензими потребни за пренос на сигнали, да се изврши во вистинско време и место. Во 2014 година, во лабораторијата е направен уред, кој овозможил во `рбетниот мозокот од лабораториските глувци да се вбризгаат ензими потребни за ублажување на болка.
Најновото достигнување на шведските научници се гледа во тоа што е пронајден начин болката моментално да се ублажи.
Таканаречената „јонска пумпа“ претставува мал аналоген електронски нерв, кој дава потребен сигнал во рок од неколку секунди токму во целната клетка. Иновативниот метод не само што ќе овозможи елиминирање на болката, туку ќе може да запре епилептични напади, како и да ги ублажи симптомите на Паркинсоновата болест.Според податоците на Универзитетот во Линчепинг во Шведска, група истражувачи дошле до интересно откритие кое би требало да овозможи моментален пре