Просперитетниот град со повеќе транспортни врски и огромен прилив на машки работници стана совршен инкубатор за пандемичниот вирус на ХИВ.„Совршената бура“ на урбаната промена која започна во 1920 година во Киншаса, доведе до катастрофално ширење на ХИВ во Африка и во поширокиот свет, велат научниците кои користеа генетско секвенционирање и историски записи за да го пронајдат потеклото на пандемијата.
Иако вирусот најверојатно преминал од шимпанзата на луѓето во јужен Камерун години наназад, ХИВ остана регионална инфекција се додека не се појави во главниот град на Демократска Република Конго.
Од 1920-тите години до 1960 година, пандемијата на ХИВ вирус се прошири од Киншаса, преку границите на другите народи, за на крајот да дојде до далечните континенти. До денес, со овој вирус се имаат заразено скоро 75 милион луѓе.
Во тоа време, луѓето со ХИВ во Централна Африка немаа специфични сипмтоми кои би биле напишани во нивните медицински досиеја. Вирусот предизвикува имунолошкиот систем да пропадне, оставајќи ги луѓето изложени на сите видови на инфекции. „За епидемијата како ХИВ каде што се обидуваме да го следиме нејзиното развивање пред да биде уште откриена, генетиката е единствениот извор на информации што ги имаме“, изјави Оливер Пајбас, еволутивен биолог на Универзитетот во Оксфорд и автор на студијата.
Генетските податоци покажуваат дека ХИВ пандемијата се шири брзо низ ДР Конго, земја со големина на Западна Европа. Од крајот на 1930-тите години до почетокот на 1950 година, вирусот се шири преку железницата до Мбуџи-Маји и Лубумбаши во јужниот дел и Кисангани во северниот дел.
На почетокот, ХИВ беше ограничена инфекција на одредени групи на луѓе. Но, вирусот се чинеше дека се проби до општата популација и се шири низ светот, откако започна од тогашната Република Конго, пред да се здобие со независност во 1960 година.
„Делови од приказната може само да бидат сугестивни. Без временска машина, тешко е да се докажат причините. Но, можеме да бидеме прилично сигурни дека го знаеме времето и местото кога за првпат се појавила пандемијата“, изјави Пајбас. „Се чини дека комбинацијата на фактори во Киншаса, во почетокот на 20-от век создаде идеални услови за појава на ХИВ, што доведува до генерализирана епидемија со незапирлива сила, што се протега преку Субсахарска Африка“.„Совршената бура“ на урбаната промена која започна во 1920 година во Киншаса, доведе до катастрофално ширење на ХИВ во



