Сред бременоста докторот на ултразвук приметил дека освен ембрионот со кој сурогат мајката е оплодена, во матката се наоѓа уште еден, нејзиниот биолошки син, што се случува една во милион бремености.Џесика Ален од Риверсајд во Калифорнија се зачудила кога на ултразвукот видела дека носи близнаци. Тоа не би било ништо ново доколку Џесика не е сурогат мајка која после вештачкото оплодување, успеала да забремени и со својот сопруг Вардел.
Прво се чинело дека ембрионот во матката на Џесика едноставно се преполовик дека среќното семејство кое ја ангажирало Џесика за сурогат мајка, ќе добие идентични близнаци.
Меѓутоа, после царскиот рез, првиот поглед на родените деца јасно дал до знаење дека не се работи за близнаци, со оглед дека едно дете било од азиско потекло(како што се и родителите на кои Џесика им била сурогат, а друго од мешани раса, како останатите деца на Џесика и нејзиниот сопруг.
Еден месец покасно, ДНК тестот потврди дека второто дете уствари е биолошки син на Џесика, што дека оваа сурогат мајка забременила додека била бремена. Таа појава се нарекува суперфетацја, а до неа доаѓа во текот на бремноста и понатаму овулира. Суперфетацијата е нешто почеста кај животните, но во човековиот свет доаѓа на една од милион бремености, а досега се забележани 11 такви бремености во светот.
Џесика Ален од Риверсајд во Калифорнија се зачудила кога на ултразвукот видела дека носи близнаци. Тоа не би било ништо ново доколку Џесика не е су