Во последно време почесто се сретнуваме со забрани за прикажување на некој филм во одредени држави. Ви прикажуваме некои од филмовите кои ја имаат доживеано таквата судбина:
Ное е забранет во Бахреин, Катар и во Обединетите Арапски Емирати поради религиозни причини.
Тексашки масакр со моторна пила – хоророт од седумдесеттите години на минатиот век не беше прикажан во Ирска и Западна Германија поради количеството на насилство со кое што изобилува филмот.
Последно танго во Париз десет години беше забранет за прикажување во Италија – од 1972 до 1982 година, поради сцените сo секс.
Goldfinger – филмот од франшизата за Џејмс Бонд беше забранет за прикажување во Израел поради откривањето дека негативецот од приказната – Герт Фроб бил член на нацистичката партија. Подоцна е откриено дека им помогнал на двајца Евреи за време на Втората светска војна, па филмот се врати на репертоарите.
Борат – Култното остварување на Саша Барон Коен за репортер од Казахстан беше забрането, погодувате – во Казахстан! Причина: Навредлив за народот.
Враќање во иднината. Класикот од 1985 година беше забранет во Кина бидејќи властите мислеле дека патувањето низ времето е опасна идеја.
Ви прикажуваме некои од филмовите кои ја имаат доживеано таквата судбина:
Ное е забранет во Бахреин, Катар и во Обединетит