Ова е доказ дека се уште постојат добродушни луѓе!Доколку неодамна сте стигнале во САД, немате пари, а потребен ви е автомобил, подарувам „мерцедес С280“ од 1995 година во возна состојба. Услов- да ми ветите дека и вие ќе помогнете некому кога ќе бидете во можност! Овој необичен оглас се појавил пред два дена на сајт во Чикаго на кој се информираат иселениците од Србија во тој град. Огласот го дал Игор Обрадовиќ (37), кој вели дека не очекувал толкаво интересирање.
„Знаејќи дека овде е тешко кога ќе дојдете, посакав да го подарам „мерцедесот“ со кој до скоро се возев на работа и може да започнам нов ланец на помош, не насетувајќи дека ќе наидам на толкав медиумски интерес“ вели Игор.
Иако се работи за автомобил стар 20 години, се јавиле 50 заинтересирани.
„Девојка по име Дуња се јави прва и нејзе ѝ го подарив мерцедесот. По нејзиниот повик мојот телефон не престанува да ѕвони, луѓето прашуваат со неверување. „Дали навистина подарувате автомобил?“ Не можам да прежалам што немам уште некој автомобил да подарам“.
Родум од Крагуевац, Игор во Чикаго дошол во 2001 година. Во Чикаго е неговото најтесно семејство, родителите, сестра му, а пред 4 години му де родила и ќерката Анѓелина.
„Како и повеќето наши кои доаѓаат овде, и јас ги поминав сите занаети и на крај завршив како возач на камиони. Имам мала фирма со само еден врботен, а тоа сум јас“, вели Игор.
Дуња е во САД од мај минатата година. Работи во ресторан за мексинканска храна. Во Америка автомобилот е нопходен за опстанок, како вода, храна и кров над главата.
„Огласот го видов во петок наутро и веднаш се јавив. Си помислив: Ма нема ништо од ова, немам јас таква среќа! По половина час се јави Игор и ми рече дека сум првата која се јавила на огласот и дека мерцедесот е мој“ раскажала Дуња.
Автомобилот го превземала во недела, на Велигден.
„Најголема награда ми е сјајот во очите на Дуња кога сфати дека автомобилот навитина е тука“, додава Игор
Потегот на Игор ја уверил Дуња дека постојат луѓе подготвени да помогнат, а за возрат да не побараат ништо.
„Се надевам дека и јас еден ден ќе можам некому да му помогнам и да го направам среќен како што ме усреќи мене Игор“.Доколку неодамна сте стигнале во САД, немате пари, а потребен ви е автомобил, подарувам „мерцедес С280“ од 1995 година во возна состојб



