НЕВЕРОЈАТНО ПРЕЦИЗЕН ТЕСТ: Одберете лице кое најмногу ве плаши откријте нешто повеќе за себе!

Ви претставуваме невербален тест за проекција од 1935 година, кој треба да ги истражи потиснатите импулси на испитаникот и се темели на аверзијата која е предизвикана од специфични фотографии на кои се гледаат психопат, садист, како и други личности со разни класифицирани нарушувања на мозокот.Овој познат невербален тест за проекција е дизајниран во 1935 година од страна на унгарскиот психијатар Леополд Сзонди, кој во тоа време бил познат речиси колку Фројд и Јунг.
Според психоаналитичките концепти, ова е најважниот психолошки одбранбен механизам што го имаме. Неговата најважна функција е да ги пренесува мислите и желбите што ни предизвикуваат непријатност во нашата потсвест.
НАПОМЕНА: немојте погрешно да ги сфатите резултатите од тестот, затоа што тестот е дизајниран за да се донесе претпоставка за можните потиснати импулси во согласност со теоријата на психоанализата.
Прашање: Кого најмалку би сакале да го сретнете во темница?
Толкување:
1. Садист
Потиснување: Вие најверојатно сте потиснале некои искуства од најраните години во животот поврзани со авторитативноста во вашето однесување, потребата за доминација и склоноста кон лоши намери. Ако сте го избрале портретот на оваа личност, вие можеби сте потиснале некои навредливи или штетни однесувања кон другите во вашето несвесно.
Порекнување: Вие сте најверојатно потполно безопасна и мирна личност и секогаш сте подготвени да им помогнете на другите. Ако работите во канцеларија, на вашиот надреден сигурно му е тешко да се справи со вас. Кога не сакате да направите нешто, создавате бариери (пр. доцните на работа или покажувате дека сте во лошо расположение). Кога се браните себеси, се одлучувате за пасивен отпор кој долгорочно ги исцрпува оние што ви создаваат проблеми.
2. Епилептичар
Потиснување: Кога зборуваме за пореметувањата на личноста поврзани со болеста на мозокот, оштетувањата и дисфункцијата, како што се случува во некои случаи на епилепсија, некои од дијагностичките значења може да бидат импулсивност, раздразливост, испади на бес и агресии. Ако овој крупен господин со округла глава предизвикува гадење и страв кај вас, веројатно рано во вашиот живот се потиснале некои од тие емоции и однесувања во вашата потсвест: импулсивност, раздразливост, напади на бес и агресии.
Порекнување: Веројатно сте љубезна и мирна личност. Со тоа што сте кротки и пријателски настроени, пружате изглед на одговорна личност со самоконтрола. Стабилни сте во вашите емоции и лесно се поврзувате со луѓето, идеите и нештата.
3. Кататоничар
Потиснување: Некои значења на ова ментално пореметување се претерана стимулација на имагинацијата, спознавањето во целина и негативизам. Ако овој неизбричен, но насмеан господин предизвикува негативни емоции кај вас, можеби сте потиснале некоја хиперактивност на умот, што би можело да придонесе да изгубите допир со стварноста, ако не се пренесе во вашето несвесно.
Порекнување: Вие имате тенденција да усвојувате стереотипни однесувања и не сакате иновации и промени. Можеби сте срамежлива личност која смета дека е посебно тешко да се прилагоди на новите ситуации. Ваш најголем страв е да ја загубите самоконтролата. Малку сте тврди со често одбранбено однесување и можеби сте закочена личност која никогаш не отстапува од својот „кодекс“ на однесување.
4. Шизофреничар
Потиснување: Шизофреничарската личност ја карактеризира интензивна апатичност, искривени мисли и некомпатибилни емоции. Ако се ежите од овој рамнодушен поглед, веројатно сте го потиснале чувството на рамнодушност кон другите и повлекувањето од нештата и настаните во раната фаза на вашето детство.
Порекнување: Вие сте веројатно доста пријателски настроена личност. Верувате во дружењето и комуникацијата со другите, уживате во друштво и често излегувате. Сепак, друштвеноста често знае да лаже и можеби крие изолирана личност која живее со чувството дека секогаш е сама. Вашите односи може да ви се чинат безлични и површни, како да им недостасува вистинска емоција. Длабоко во себе вие можеби чувствувате дека другите не ви се потребни.

5. Хистеричар
Потиснување: Некои особини на хистеричните луѓе се површни и нестабилни емоции, нарцисоидност и егзибиционизам. Ако сте ја избрале оваа необична дама со тешки капаци како личност која ве плаши најмногу од сите, можеби тоа е затоа што сте ја потиснале желбата да привлечете внимание и желбата за одобрување.
Порекнување: Оставате впечаток на скромен човек на интензивен внатрешен живот. Сепак, во реалноста, навидум тивката и срамежлива личност може да поседува голема и прекумерна желба за шармирање на другите. Вие се грижите за вашиот изглед и однесување. На пример, секогаш се обидувате да бидете стилски и добро облечени, надополнувајќи ја облеката со додатоци што ќе го привлечат вниманието на другите. Овие луѓе веројатно ќе изберат ретки или екстравагантни интереси / или хоби.
6. Депресивец
Потиснување: Недостаток на самодоверба, чувство на инфериорност и вина се главните симптоми на депресија. Фактот дека оваа личност е симбол на одбивност за вас може да значи дека сте длабоко депресивно лице кое ги држи овие симптоми под контрола.
Порекнување: Можеби сте отворена и безгрижна личност. Секогаш покажувате динамика, доверба и оптимизам. Понекогаш, се разбира, кога сте возбудени може да манифестирате дистимија (растројство на расположението) и меланхолија („синдром на тажен кловн“). Вие може да се сомнителни и мрзоволни. Многу е веројатно дека сте ги замениле сопствените депресивни тенденции со преземањето на улогата на психолог на сите, да барате решенија за проблемите на другите луѓе.
7. Манијак
Потиснување: Некои дијагностички карактеристики на манијата се отвореност, прекумерна стимулација, преценување на себеси и губење на пари и емоции. Ако овој тип на лице ви изгледа одвратно, тоа најверојатно значи дека ќе има еден вид на возбуда која ако не се контролира, ќе се претвори во фанатички мистицизам.
Порекнување: Вие сте веројатно личност која не сака да провоцира со своето однесување и која презира бучава во екстремности и претерувања. Вие сте модел на дискреција, воздржаност и мерки. Логични сте и штедливи и секогаш со целосно контролирано однесување.
8. Дисоцијативно пореметување на идентитетот
Потиснување: Овој тип на личност се изразува со желбата кон луѓето да живее и да биде прифатена како член на спротивниот пол. Ако овој млад човек ви изгледа опасно и расипано, можеби во вашето рано детство, сте го потиснале прашањето за вашиот сексуален идентитет.
Порекнување: Ако одбранбениот механизам на негирање си ја заврши работата, може да имате тенденција недвосмислено да го потврдите вашиот биолошки пол. Во овој случај, вашето однесување, манири и појава нагласуваат дека сте „вистински“ маж или жена. Ако сте маж, вие сте голем „мачо“ и ако сте жена, секогаш се обидувате да изгледате секси и флертувате за да ги привлечете мажите.Овој познат невербален тест за проекција е дизајниран во 1935 година од страна на унгарскиот психијатар Леополд Сзонди, кој во тоа време бил познат

Пронајдете не на следниве мрежи: