Многумина тврдеа дека Барак Обама не е Американец, а сега и Доналд Трамп се соочува со исти обвинувања. Имено, една пакистанска телевизија тврди дека Трамп е роден во Пакистан.- Верувале или не, претседателот на Америка, Доналд Трамп е роден во Пакистан, а не во Америка, рекле од телевизиската мрежа Neo News минатиот месец, но видеото станало хит по победата на Трамп.
Трамп, според наводите на „Neo News“ роден е како Давуд Ибрахим Хан во 1954 година во регионот Вазиристан кој сега е под контрола на талибанците.
Имено, пакистанската телевизија тврдела дека неговите родители загинале во сообраќајната несреќа, а потоа еден британски капетан го однел Доналд во Лондон, каде подоцна Трамп наводно го посвоило едно семејство и го однело во САД.
Пакистанската мрежа отишла толку далеку, па дури објавила и фотографија од наводно малиот Трамп во традиционална пакистанска облека за деца.
Нормално, доколку ова е вистина Трамп не би можел да биде на чело на државата, бидејќи претседателот на САД според уставот мора да биде роден во Америка.
Trump is Pakistana by dekaavram- Верувале или не, претседателот на Америка, Доналд Трамп е роден во Пакистан, а не во Америка, рекле од телевизиската мрежа Neo News минатиот месе