Кога нивниот син имал 6 недели, Адел Беркли од Донкестер дознала дека мажот ја изневерувал додека таа била бремена. Го избркала од дома, но повторно се смирила со него, поради ниовните деца. Но на крајот на опстанале.Адел Беркли (39) дознала дека мажот ја изневерувал кога го побарала неговата љубовница. Тогаш потрчала да се јави на телефон за синот да не се разбуди.
„Сосема ладно ми го соопшти тоа. Гласот кој не го препознав ми рече „Бев со твојот сопруг три месеци. Бевме заедно и онаа ноќ кога вашиот син се роди“. Ми рече да ја проврам неговата сметка во банка доколку не и верувам. Испадна дека тој го плаќал станот во кој се гледале во текот на тие три месеци“, вели таа.
Кога дознала за тоа, го побарала својот сопруг Пол (40) на работа и му рекла вднаш да си дојде дома. Тој побрзал дома, бидејќи се исплашил дека нешто му се случило на нивниот син. Штом дошол, таа му кажала што се случило, а тој почнал да негира.
„Ми се смееше во лице и ми рече дека не знам што зборувам и дека веројатно сум западнала во постопродилна депресија. А потоа му реков што се ми рече и му го покажав нејзиниот број и го прашав дали сака да ја побарам сега и да ја пуштам на интерфон.“
Тогаш Пол признал се. Љубовницата ја запознал една вечер кога излегол. Адел била шокирана. Пол бил единствениот кого го сакала и со него има три деца. Тогаш знаела дека нејзиниот живот никогаш нема да биде ист.
Адел неверството го припишува поради тоа што тој станал посамоуврен, бидејќи ослабел 76 килограми кога таа била бремена.
„Пол скоро ме обвини за тоа што го одбивав и што го пуштив да шета. Но јас секогаш бев витка и задоволна со својот изглед, па промените за време на бременоста тешко ми паднаа. Жена со облини која ме гледаше од огледалото за време на бременоста не личеше на мене. Кога дознав за неговата афера, со месеци не можев да се опоравам, а често гледајќи го нашиот син Каин се прашував дали нашето семејство и натаму ќе биде комплетно доколку тој не се родеше“, признава таа.
Адел по разводот го исфрлила Пол од домот и тој почнал да живее со љубовницата, но ја прекинал врската по неколку месеци. Во декември 2007 година Пол дошол да ја замоли Адел да му даде уште една шанса. Бидејќи сакала на децата да им обезбеди среќно детство, Адел се согласила на тоа. Но нивната врска никогаш повеќе не била иста и тие двајца дефинитивно се разделиле во декември 2013 година.
„Никогаш не му простив. Едноставно не може да се прости такво нешто“, вели таа.
Од друга страна, Пол ја обвинува нејзе поради тоа што се случило.
„Тоа се случи затоа што таа сакаше да држи се под контрола. Не ми е жал што ја изневерував, бидејќи нашиот брак во тоа време не функционираше како што треба. Потоа се смиривме поради децата, но не функциониравме добро. Наместо разбирање и прошка, постојано се расправавме, а таа постојано ми приговараше поради неверството“, вели тој.Адел Беркли (39) дознала дека мажот ја изневерувал кога го побарала неговата љубовница. Тогаш потрчала да се јави на телефон за синот да не се разб
Пронајдете не на следниве мрежи:



