НЕВЕРУВАЊЕ ПО НАПРАВЕН ТЕСТ ЗА ТАТКОВСТВО: „Вие не сте татко на детето, но вашиот…“

„Простете ни господине, но вие не сте татко на вашето новородено дете – вашиот нероден брат е“ – така му било соопштено на еден 34-годишен маж, кој во моментов е единствен познат случај на човечка химера – организам составен од две или повеќе генетски различни клетки.Сѐ започнало кога пар од Америка дозна дека нивниот син, кој бил роден сосема здрав во 2014 година со помош на вештачко оплодување, има различна крвна група од родителите. Загрижениот татко купил домашен тест за утврдување на татковство и дознал дека неговата ДНК не се совпаѓа со ДНК на неговиот син.
„Може да замислите колку беа вознемирени неговите родители. Мислеа дека во клиниката користеле погрешна сперма“ – изјавил генетичарот од универзитетот Стенфорд, Бери Стар.
Лекарите од клиниката ги убедувале дека не дошло до замена, па брачниот пар зел адвокат. Според препораките, таткото и синот направиле ДНК тестирање и дознале дека таткото всушност е чичко на својот син – во генетска смисла на зборот.
Со други зборови, таткото ги впил гените на својот брат близнак кој починал во матката, а потоа ги пренел истите на својот син. Тестираната ДНК од спремата покажала дека генетското совпаѓање помеѓу таткото и синот изнесувало само 10%.
„Човечките химери се вообичаени, но тешки за откривање. Обично излегуваат во јавност кога ќе се објават вакви необични случаи“ – заклучил биологот.Сѐ започнало кога пар од Америка дозна дека нивниот син, кој бил роден сосема здрав во 2014 година со помош на вештачко оплодување, има различна кр

Пронајдете не на следниве мрежи: