Најреномираните шпански спортски весници пишуваат за денешниот пречек на европскиот шампион Вардар во Скопје. Покрај „Ел Мундо Депортиво“, со обемна статија пречекот на Вардарци е одбележан и во уште еден престижен шпански весник, „Ас“.„Ас“ пишува дека над 100.000 лица излегле на улиците да го пречекаат шампионот, што претставува пет проценти од вкупното население.
-Околу пладне, околу 100.000 лица учествуваа во дочекот на тимот, кој со авион пристигна од Германија. Потоа, со отворен автобус ракометарите се упатија кон плоштадот, притоа отпоздравувајќи со фановите кои беа насекаде покрај патот, пишува „Ас“ и додава дека шпанските репрезентативци биле ѕвезди на забавата.„Ас“ пишува дека над 100.000 лица излегле на улиците да го пречекаат шампионот, што претставува пет проценти од вкупното население.