Навивач на шпански фудбалски клуб Депортиво Ла Коруња е прогласен за клинички мртов по тешките повреди кои ги добил во масовна тепачка која се случи денеска во Мадрид, непосредно пред дуелот со Атлетико (Мадрид), кој стартуваше од 12 часот.Навивачот се здобил со тешки телесни повреди, а згора на тоа потоа бил фрлен во реката што била во близина, по што му откажале виталните функции. Шпанските медиуми уште утрово информираа дека еден навивач бил донесен „клинички мртов“ во една од болниците во Мадрид, а обидите на лекарите да го спасат неговиот живот за жал не вродиле со плод.
Несреќното момче пред доаѓањето во болницата, каде му се констатирани тешки повреди на главата, доживеал и инфаркт и хипотермија.
Како што пренесува шпански „Ас”, во судирите се повредени уште 11 лица, од кои тројца со убоди од нож.Навивачот се здобил со тешки телесни повреди, а згора на тоа потоа бил фрлен во реката што била во близина, по што му откажале виталните функции. Ш