НЕВИДЛИВИ УБИЈЦИ: Черчил им наредувал да спроведуваат терор

Групата е формирана иницијално под името SSRF во 1940 година, а нејзината цел е спроведување на политчко-експлозивни акции, кои се илегални и незамисливи за британскиот естаблишмент.Ова е една од најневеројатните приказни од Втората светска војна, воедно и една од помалку познатите. Станува збор за група командоси, која е оформена од страна на Винстон Черчил и нивна цел е да спроведуваат „крваво владеење на теророт“ зад непријателските линии.
Често „напумпани“ со амфетамини, тие биле навистина неконвенционална група, чиј водач ги фаворизирал лакот и стрелата како оружје за убивање.
Групата е формирана под името Small Scale Raiding Force (SSRF) во 1940 година, а нивната цел е преку неконвенционален начин да спроведуваат политички акции – ова го тврди Демијен Луис, кој е автор на книгата „Тајните војници на Черчил“.
Најсуров од припадниците на оваа група бил Данецот Андерс Енди Ласен. Тој од британскиот Воен штаб побарал да му се дозволи да убива со лак и стрела, но неговото барање било одбиено и оценето како „нехумано“. Но, тоа сепак не го спречило да го добие прекарот „Робин Худ командос“ од страна на локалното население во Дорсет, каде што бил на обука во 1942 година.
Тој ги мразел бирократите и имал проблеми со авторитетот. Мразел папирологија, па затоа неговите извештаи содржеле некои од следните реченици: „Слетавме. Убивме неколку Германци. Оде*и“, пренесува „Дејли Мејл“.
Првата мисија која го открива постоењето на групата, се случила во јануари 1942 година, а го носела називот „Постмастер“.
Германските подморници полнеле гориво во шпанската колонија Фернандо По, остров кој се наоѓа недалеку од брегот на Западна Африка и кој денес се вика Биоко. Черчил не сакал да ризикува да изврши воен напад, па затоа испратил мал воен брод кој бил претворен во шведски крузер, на чело со капетанот Гас Марч-Филипс.
Еден агент успеал да ја наговори сопругата на еден влијателен Германец да организира спектакуларна вечера и забава за германските и италијанските офицери на островот. Алкохолот се пиел во огромни колочества, а додека офицерите уживале во хедонизмот, Марч Филипс, Ласен и останатите командоси ги украле бродовите од пристаништето и дискретно ги пренеле во Нигерија, која се наоѓала под британска управа.
Тоа беше пиратски гест и кршење на неутралноста, а Велика Британија негираше дека има било каква врска со настанот. Операцијата беше спроведена на тој начин, така што трагите никако не посочувале кон вмешаност на британските власти. Черчил бил воодушевен.
Дејствувањето на Ласен и неговите луѓе најдобро ги опиша еден германски офицер, велејќи дека тие „доаѓаат како мачки и исчезнуват како духови“.Ова е една од најневеројатните приказни од Втората светска војна, воедно и една од помалку познатите. Станува збор за група команд

Пронајдете не на следниве мрежи: