Невработен маж ставил отров во производ од супермаркет?!

Невработен британски хемичар (51), затворен е откако се заканувал на вработените во еден супермаркет, јавува Дејли Меил.Тој од сопствениците на супермаркетот побарал 2 милиони фунти, велејќи дека еден прехранбен производ е отруен со цијанид. Им рекол дека откако ќе му потврдат дека се исполнети неговите барања, ќе им каже каде се наоѓа контаминираниот производ.
Во писмото со уцената, Вард напишал „дека производот што слабо се продава ќе биде купен во рок од неколку дена и дека последиците од консумацијата ќе биде сигурна смрт.“
Детективи го фатиле Вард преку неговата ДНК која е најдена на поштенската марка од пакетот, кој исто така содржел цијанид, а кој го купил преку дарк веб.
Полицијата го уапси пред истек на рокот, откако неговата ДНК се поклопила со неповрзан прекршок од 2012 година.
Вард тврдел дека зад инцидентот стојат повеќе луѓе коишто работат во супермаркетот и спорниот производ може во секој момент да се продаде.
„Тоа ќе резултира со смрт на цело семејство во рок од 30 минути по консумацијата. Ако не платите, луѓе ќе умрат“ – напишал Вард.
Но, при полициското испитување Вард рекол дека не отрул ниеден производ и дека само блефирал. Рекол и дека дејствувал сам, но и дека нема никакви соработници помеѓу вработените.Тој од сопствениците на супермаркетот побарал 2 милиони фунти, велејќи дека еден прехранбен производ е отруен со цијанид. Им рекол дека откако ќе м

Пронајдете не на следниве мрежи: