Најчесто сме невработени не по свој избор. Ако тоа е случај, тогаш во текот на денот сигурно ви останува и повеќе од доволно слободно време. Но, тоа не значи дека треба да се чувствувате бескорисно и да очајувате, искористете го времето и направете нешто повеќе.Прво добро би било да составите листа на работи кои што отсекогаш сте сакале да ги направите, но не им стигнал редот. Размислете што од тоа најмногу би ве исполнило, па започнете од ситните работи како мали поправки низ домот или хемиско чистење на зимската облека. Доколку имате и некој заштеда на страна, купете си нешто што одамна го посакувате или заминете на викенд за да ги наполните батериите.
Секогаш е мудро и да волонтирате во некоја организација. Тоа ќе направи да се чувствувате задоволни со себе, а ќе научите и како да си го организирате времето. Притоа, ќе остварите контакт со повеќе луѓе, ќе стекнете нови пријателства, а така ќе ви се зголемат шансите да дојдете до ново работно место.
Паметно е да не прекинувате со наобразба, да читате и да учите нови работи, без разлика на вашата возраст. Научете нова компјутерска програма, усовршете некој странски јазик или започнете со ново хоби. Одбегнувајте излежување во кревет и времето на спиење ограничете го на 7-8 часа. Почнете да водите грижа за своето тело, трчајте или возете велосипед, така нема да потрошите многу пари, а ќе се стекнете со кондиција, свеж изглед и повеќе самодоверба.
Гледајте да не западнете во меланхолија и досада, посетувајте концерти или театарски претстави или едноставно поминете го денот во пријатни разговори со пријателите.
извор:lady.mkПрво добро би било да составите листа на работи кои што отсекогаш сте сакале да ги направите, но не им ст