Околу 13 часот подрачјето на Дебар и околината беа зафатени од доста интензивна нестабилна воздушна маса, која предизвика невреме со обилен пороен дожд,(40л/м2) проследен со електрични празнења.
Освен овде, поинтензивна нестабилност досега имаше само во планинските делови. Според последните податоци и радарски слики во моментов нестабилно со пороен дожд и грмежи е во подрачјето на Прилеп, Крива Паланка и Македонска Каменица.
Ппопладне и до крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните предели.
До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет.Во четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето, по што следува период на стабилно и топло време.Освен овде, поинтензивна нестабилност досега имаше само во планинските делови. Според последните податоци и радарски слики во моментов нестабилно с