Невреме во Москва: Загинаа 13 лица, а повеќе од 150 се повредени

Во големото невреме кое вчера попладне ја погоди Москва загинаа 13 лица, а 170 се повредени.Како што кажа претставникот на градските власти задолжен за здравство Алексеј Крипун, хоспитализирани се скоро 150 повредени.
-Вкупно 168 луѓе побарале лекарска помош, од кои 146 се примени во 15 болници во Москва, наведе тој.
Во текот на ноќта пуштени се 38 луѓе, додека 108 останале во болница, главно во средно сериозна или задоволувачка состојба. Осум луѓе се во сериозна здравствена состојба.
Повеќе од 30.000 луѓе во три руски региони останаа без струја поради невремето. Медиумите прво јавија дека загинале 11 лица, а 70 се сериозно повредени, меѓутоа покасно стигна извештај за уште две жртви, 11 годишно девојче на кое паднало дрво и 57 годишен маж на кого паднала ограда.
 
Како што кажа претставникот на градските власти задолжен за здравство Алексеј Крипун, хоспитализирани се скоро 150 повредени.
-Вкупно 168 л

Пронајдете не на следниве мрежи: