Регистрираниот рекорден интензитет на невремето што завчера ја зафати Скопската котлина е со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години, соопшти попладнево Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Според УХМР, невремето траеше пет часа, од 17:20 до 22:10, во два интензивни налета и кратко десет до 20-минутно затишје со послаби врнежи. Вкупната количина врнежи според дождомер изнесува вкупно 92,9 милиметри.
– Она што треба да се нагласи е дека измерена екстремна количина на врнежи со петчасовно траење и интензитет од 51,71 секунди на хектар. На главната метеоролошка станица во Скопје, на Зајчев рид, е забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри што историски гледано е скоро двојно повеќе од досега измерените 49,2 милиметри во 1996 година, нагласува УХМР.
На метеоролошката станица Скопје – Петровец, досега е измерен петчасовен интензитет од 55,5 милиметри во 1981 година.
Во текот на завчерашното невреме, интензитетот на едночасовните врнежи (19:30-20:30) е 36,1 милиметар што е втор по големина во досегашните историски мерења на Зајчев рид.
УХМР ги анализираше податоците од автоматските метеоролошки станици на Зајчев рид, Гази Баба и Карпош. Екстремен интензитет е забележан на станицата Гази Баба во 17:50 часот каде за десет минути наврнале 15,9 милиметри.
Невремето беше проследено и со многу силен ветер чија брзина во 17:30 часот на Зајчев рид била максимални 22,7 метри во секунда.Според УХМР, невремето траеше пет часа, од 17:20 до 22:10, во два интензивни налета и кратко десет до 20-минутно затишје со послаби врнежи. В