Мислите дека есента е досадна и еднолична? New Balance ќе Ве разубеди.За новата сезона New Balance подготви есенски модели во бои кои ќе Ве освојат на прв поглед.
Во новата колекција се опфатени и оригиналните модели кои дозволуваат комбинирање на модните трендови со спортскиот стил, со дизјани кои се идеални за преодната сезона, особено за есен-зима. Современ дизајн и спортска елеганција се карактеристики со кои се одликуваат овие модели, што Ви овозможува да ги комбинирате со секоја есенска комбинација.
New Balance колекцијата е достапна во голем избор на тренди бои од маслинесто зелена, кафеава, бордо, пурпурна, темно сина, па се до класични модели во црна боја. Посебно освежување оваа есен се посебно дизајнираните женски модели во златна и сребрена боја кои секоја девојка ќе ја издвојат од толпата. Модерните бои ќе Ви овозможат да бидете забележани преку целата сезона.
Lifestyle моделите на New Balance патики покрај урбаниот градски изглед, нудат и потполна удобност и стабилност, олеснувајќи го завршувањето на секојдневните обврски. Вашиот стајлинг ќе добие потполно нова димензија и Ви овозможува да оставите впечаток во секој момент со патики кои се идеални за секоја комбинација.
Издвојте се од толпата со носењето на есенските бои на новите New Balance патики со Вашата есенска комбинација. Бидете впечатливи, иновативни, а истовремено модерни и впечатливи.
Моделите се достапни во сите Sport Vision мултибренд продавници и online.За новата сезона New Balance подготви есенски модели во бои кои ќе Ве освојат на прв поглед.