Сопственикот на овој Range Rover направи спектакл пред еден од салоните за автомобили на британската марка.Случката се одиграла во почетокот на неделава, кога незадоволен сопственик на Range Rover паркирал возило пред салонот на Land Rover и Jaguar во Санкт Петербург. Целото возило било обложено со пораки кои јасно го кажуваат мислењето на сопственикот за автомобилот.
А тие се недвосмислени: не треба да си имате работа со овој луксузен и доста скап автомобил.
Најживописната е онаа на задното стакло, која вели:
„Почитуван Range Rover! Земете го, ве молам, тоа го ** о што цело време се расипува.“
На предното лево стакло пишува: „Чини колку трособен стан на Невски.“ (централен булевар во Санкт Петербург).
На социјалните мрежи фотографиите се споделуваат со хаштагот #avtovedro. Не е исклучено тоа да е ПР акција, бидејќи возилото и налепниците се професионално изработени.
Да, изгледа нереално некој сам да пишува слични нешта за производите, но постојат ПР-специјалисти коишто тврдат дека е поважно да се зборува за вас, додека содржината на кажаното не е од големо значење.
Случката се одиграла во почетокот на неделава, кога незадоволен сопственик на Range Rover паркирал возило пред салонот на Land Rover и Jaguar во Са