Незаконски однос на Катица Јанева кон државните институции

Незаконско дивеење на Катица Јанева во централен регистар. Според информациите, специјалната јавна обвинителка го излажала судот дека нема одговор од институцијата во законскиот рок и побарала претрес, се јавувала по медиуми и дефилирала полиција во празна институција надвор од работно време кога немало никој таму.Катица Јанева излажала дека имало анонимен повик и дека наводно се ништеле документи. Прашањето кое се поставува е како може да се ништат кога централниот регистар е компјутеризиран и досега не се чуло ни видело да се упаѓа во државна институција на ваков начин
Очевидци говорат за хистеричен и крајно невообичаен и агресивен однос на обвинителите, во ситуација кога немало никого, ниту пак некој очекувал.
Институцијата одговорила на време, односно поставила согласно закон прашања до СЈО, а Јанева го излажала судот дека нема одговор, што претставува сторено кривично дело, но исто така и уште еден доказ за нејзиниот однос кон државата и институциите. Централниот регистар нема никаква можност да сокрие било што, а дури и да имало основ за претрес досега невиден преседан е упад во институција навечер кога нема никој.
СЈО вели дека добиле дојава дека некој уништувал документи, а кога дошле на местото немало жив човек, што претставува уште една лага на специјалното обвинителство. Експертите велат дека вакви испади и неурамнотежени чекори не се паметат ниту од времето на комунизмот и дека Јанева покажува голем недостаток на професионален капацитет и интегритет.
Експертите се чудат и се прашуваат до кај ќе оди ова веќе јасно нејзино самоволие и очигледно политичко партиско делување без никакви правни аргументи и спротивно на закон.
Вака се однесува и нејзиниот налогодавач Заев кого постојат низа примери на деструкција, агресија и непочитување на институции. Катица Јанева и Зоран Заев се причината и последицата на кризата во државава и не е за џабе толку низок нивниот рејтинг односно огромната недовербата кон нив.Катица Јанева излажала дека имало анонимен повик и дека наводно се ништеле документи. Прашањето кое се поставува е како може да се ништат кога

Пронајдете не на следниве мрежи: