Незаконското именување на функционери од владата на СДСМ значи криминал

Незаконското именување на функционери од владата на СДСМ значи криминал. Криминалниот почеток ќе доведе до уште поголем криминал. Секоја одлука кој ја потпишуваат незаконски именуваните директори е незаконска, истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално.Тие ќе ги блокираат институцииите. И ќе има одговорност за тоа.
Дополнително, тие уште повеќе го продлабочуваат скандалот. Наместо да го повлечат предлогот на владата за директор на агенцијата за државни службеници, Спасе Глигоров кој е и член на Извршниот одбор на СДСМ, тие по принципот “пу пу неважи”, и на картата за кратко паметење, прават привид и викаат дека ќе се откаже од местото во Извршниот одбор на СДСМ. Тоа е уште поголем скандал. Ја лажат јавноста, фатени се во лага. Законската забрана за членување во органите на партиите се носи за да биде непартиска личност, а она што СДСМ го прави е именување на висок партиски функционер. Ова е почетокна партизација на администрацијата, и затоа толку грчевито се борат за тоа.
Дополнително ниту еден од новоназначените директори не ја исполнува обврската за познавање на англиски јазик. Тие предлагаат и именуваат непрофесионални и некомпетентнни личности.
Законите и процедурите не се испочитувани и преку назначувањето на  директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, управниот инспекторат кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДСМ ги крши на големо.
Најавуваме дека доколку СДСМ не се повлече ќе следуваат кривични тужби. Законот мора да се почитува. Незаконие мора да престане и да му се стави крај.Тие ќе ги блокираат институцииите. И ќе има одговорност за тоа.
Дополнително, тие уште повеќе го продлабочуваат скандалот. Наместо да го по

Пронајдете не на следниве мрежи: