Незаконското постапување, СЈО го покрива со дезинформации

Бранители на повеќе осомничени лица од случаите кои ги отвори Специјалното јавно обвинителсто преку известување до јавноста реагираат на вчерашната прес-конференција на СЈО. Сметаат дека СЈО изнело невистини во однос на делот каде обвинителката Ленче Ристовска кажа дека дел од осомничените побарале да бидат сопрени нивните постапки поради аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов. Тврдат дека СЈО било должно да ги запре постапките, а адвокатите не барале нивно запирање.Ви ја пренесуваме целата реакција на бранителите:
„Почитувани,
На прес-конференцщјата одржана на ден 03.06.2016 година од страна на Јавното Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои  произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) изнесени се невистинити содржини кои потоа се пренесени од повеќе медиуми, поради што ја известуваме јавноста за следното:
’CJO било должно да ги запре постапките, одбраната не барала запирање на истрагите’.
Невистинити се тврдењата на СЈО дека одбраната на помилувани лица поименично наведени во писмени известија, па CJO до медиумите барала запирање на  истрагите.
Според Законот за кривична постапка одбраната нема обврска ниту потреба да поднесува барањ за запирање на постапката во случај на помилување, туку СЈО морало да донесе наредба за запирање на истрагите по службена должност и тоа е негова задолжителна законска обврска која настапила на 12.04.2016 година.
Тврдењето дека во законот за кривична постапка нема рок е обид за оправдување на незаконитото постапување, бидејќи чл.304 од Законот за кривична постапка ја употребува задолжителната форма ’ќе ја запре’, а доколку логиката дека нема рок ја употребеше судот и не ја зaпpeше постапката за лица кои 6ea во притвор и во затвор ќе значеше дека тие лица остануваат во притвор или затвор.
Одбраната верувајќи дека СЈО постапува според законот и ги запрело истрагите според својата законска обврска, побарало примерок од таа наредба, но до денешен ден не добила никаков одговор, за да на денешната прес-конференија со невистинито повикување на содржина на наше барање јавноста биде известена дека СЈО не постапило според  законот.
Поради недоставувањето на Наредбите поднесено е и барање до Советот на јавни обвинители заради испитувањ на незаконитото постапување на СЈО.
Од страна на одбраната е побарано СЈО да ги повлече невистинитите наводи изнесени на денешната прес-конференцијата во понапред наведената смисла. Очекуваме дека во интерес на вистината СЈО тоа ќе го стори веднаш“, стои во известувањето – реакцијата, на која се потпишани бранителите Никола Додевски, Боро Тасевски, Петар Василев и Сања Алексиќ.Ви ја пренесуваме целата реакција на бранителите:
„Почитувани,
На прес-конференцщјата одржана на ден 03.06.2016 година од стр

Пронајдете не на следниве мрежи: