Матурантот во которската гиманзија, Вања Јотиќ, е огорчен од постапката на управата на школото и уредништвото на училишното списание „Ехо“, затоа што тие, како што тврди тој, без негово знаење компјутерски ја измениле фотографијата објавена во последниот број од тој лист. Сето тоа се случило поради тоа што се сликал со маицата „Не заборавивме – НЕ ВО НАТО“.Јотиќ рекол дека неодамна се фотографирал за училишниот весник и дека на денот на сликањето облекол маица со натпис „Не заборавивме – НЕ ВО НАТО“.
„Мојата маица е потполно бела во списанието и нема никакви натписи на неа. Кога го прашав професорот којшто работеше на изработката на фотографиите што се случи, тој ми одговори дека се фотографирав во потполно бела маица, иако се видливи избелувањето и употребата на фотошоп“.
Јотиќ, кој инаку е член на Движењето за неутралност на Црна Гора, смета дека со ваквата постапка се уништува уредништвото на училишниот весник, како и дека се загрозуваат неговите основни човекови права.
„Загрозено е моето право на слободно и лично мислење, пред сѐ правото на поинакво мислење – што е основа во едно демократско општество. Сѐ ова е направено без мое знаење и одобрување, па станува збор и за измама. Јас, како полнолетен член на ова општество, имам апсолутно право на свој став, кој меѓу останатото, го артикулирам и со ангажман во Движењето за неутралност на Црна Гора – и зад кое и понатаму цврсто ќе стојам. Тоа е мое основно човеково право кое е загарантирано и со Уставот“, рекол тој.
Инаку, ова младо момче додаде дека со ретуширањето на порака на неговата маица, „НАТО промотерите покажале голема слабост и немоќ штом се плашат од обична маица што ја носи обичен средношколец“.Јотиќ рекол дека неодамна се фотографирал за училишниот весник и дека на денот на сликањето облекол маица со натпис „Не заборавивме – Н