За време на работењето на приземјето во една куќа на Хвар откриени се бројни непроценливи предмети. Бронзените пари биле внимателно скриени во една дупка во ѕидот, а деталната анализа ќе открие од кое време се и колку чинат. Уште сега се знае дека се работи за богатство со огромна вредност.Освен пари, пронајдени се и стаклени и метални предмети, како и многу керамички садови на кои се гледа дека датираат од многу старо време.
Сево ова е пронајдено во првата фаза на работата, во првите десет дена, а копањето е продолжено. Луѓето кои работат на ова, сега веќе археолошко наоѓалиште, велат дека едвај чекаат да видат што уште се крие под земја.
Утврдено е постоењето на доцно-античкиот слој кој на Хвар е пронајден во сите истражувања во центарот на градот, како и темел на средновековните тврдини кои го сочинуваат јужниот дел на куќата. Се работи за богата античка архитектура која се темели на исклучително сочуван состав на ѕидови и подни мозаици. Парите што се најдени одат на чистење и конзервација, па ќе можеме да дадеме прецизни информации. Парите беа на едно место, во некаква дупка, околу десетина парчиња, а интересно е и наоѓањето на два слоја мозаици, сложени еден над друг, како и трагови од подно греење, изјави археологот Ивана Протупилац, главна во истражувањето.Освен пари, пронајдени се и стаклени и метални предмети, како и многу керамички садови на кои се гледа дека датираат од многу старо време.