Купувачите на светски познатата индустрија за мебел ИКЕА, се повикани да престанат да користат високи гардеробери и шкафови со фиоки од оваа компанија, сѐ додека истите не се прицврстат за ѕид.Минатата година, шкафовите со фиоки од ИКЕА усмртија две деца во САД, откако паднаа врз нив.
Од компанијата за мебел ИКЕА, најавуваат дека шкафовите со фиоки доколку не се прицврстени за ѕид можат да паднат, а најопасни се за децата. Поради тоа, компанијата веќе дава 27 милиони бесплатна сетови за зацврстување за ѕид, а во САД предупредуваат дека сите клиенти мора да ја земат дополнителната опрема.
Прво загина двегодишниот Курен Колас (2) кога врз него паднала полица на која се наоѓале шест фиоки и го приковала за кревет. Слично работа доживеало и другото детенце кое било старо само 23 месеци кога врз него паднала полица со три фиоки.
Од 1989 година, до ИКЕА стигнати се три извештаи за смрт на деца поради нестабилност на шкафовите, а вкупно се пријавени 14 случаи за нанесени повреди. Станува збор за релативно евтини парчиња мебел, чии цени се движат помеѓу 60 и 120 евра.Минатата година, шкафовите со фиоки од ИКЕА усмртија две деца во САД, откако паднаа врз нив.
Од компанијата за мебел ИКЕА, најавуваат дека



