ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА МИХАИЛ ГЕРЏИКОВ ПОД МОТОТОВо организација на МПЗ Тодор Александров беше органзиаринао чествување и панихида за Михаил Герџиков.Чествувањето беше под мотото за Независна унитарна Македонија со еден македонски јазик и едно македонско знаме ,барање да се отфрли Тиранската платформа и повик на сите граѓани на Република Македонија да дадат поддршка на иницијативата и протестите за “Заедничка Македонија”.
Михаил Герџиков е еден од плејадата револуционери и дејци кои целиот свој живот му го посветува на македонското ослободително дело во борбата за Независна Македонска држава,Герџиков по убедување бил анархист основач МТРК член на ТМОРО предводник на Илинденското востание во Одринско и еден од основачите на ВМРО(обединета).Михаил Герџиков е роден во 1877 година во Бугарија во Пловдив тој е Бугарин по потекло но посветено се бори заедно со Македонците за слобода на Македонија и Одринско, неговиот татако бил прилично богат аристократ но чесн човек Иван Павлов Герџиков,кој по Руско Турската војна бил председател на Врховниот суд , Герџиков учел во Бугараската гимназија во пловсив Своето рано детството Михаил Герџиков го поминал во неговиот роден град Пловдив и уште од неговите рани години во него виреела бунтовноста особено идеите на анархизмот и борбата против робството,тој особено ги читал и ги следел делата на Бакуњин,Кропоткин и други руски и еремнски национал- анархистички дејци и писатели кои во тоа време биле авангарда за младите идеалсти кои мечтаеле за слобода особено оние кои биле под турско робство. Кон крајот на 1895 година Михаил Герџиков започнал да воспоставува контакти со македонски струдинти и ученици во Пловдив со кои заедно формирале Централен Македонски Револуционерен Комитет (ЦМРК) кој би имал за цел ослообдување и автономија на Македонија и Одринско-Истакна истричарот Ѓорги Чекутков
Во текот на 1897 година Михаил Греџиков заминал за Швајацарија каде се запишал на Правниот факултет во Лозана,но и таму понесен од неговите слободарски идеолошки определби тој во Цирих и Женева меѓу кои со Петар Манџуков со група македонски револуциоенри и заедно го формирале МТРК( Македонски Таен револуционерен Комитет)Потоа Герџиков следува право во Лозана и Женева, каде учествува во т. Н. Женевската група од кои еден дел биле анархисти по убедување, сакајќи пркеу внатрешно востание да извојуваат слобода за Македонија и Одринско.
По барање на ЦК на ТМОРО но и од Гоце Делечв Михаил Герџиков бил испратен во Одринско каде требало да ја органзиаира револуционерната мрежа,тој постојано крстосувал низ Мало Трново и Одрин и имал контакти со одринското население каде ги потсетувал дека време е да му се стави крај на понижувачкиот живот и тешката експотсицја и терор кој го вршат турските власти.Одринци а и селните во Мало Трново , самите инсистирале дека време е да се крената против турската тирнаја и дека е време за востание но Герџиков сметал дека сеуште е рано дека населнието и во Македонија и во Одриснко не е доволно подговотвено за општонардоно востание –истакна историчарот Ѓорги Чекутков.
Во Балканските војни Герџиков бил дел од Македонското одринско ополчение,а бил регурутиран и за време на Првата свтеска војна во Бугарската армија.Михаил Герџиков е еден од основачите на Федерацијата на анархисти во Бугарија (ФАКБ) во јуни 1919 година во Софија. Кога во 1923 година е извршен Деветојунскиот преврат тој ја напушта Бугарија и живее во емиграција – Цариград, Виена и Берлин (1924 – 1931 година). Ја поддржува идеата за создавање на ВМРО (Обединета) и учествува како дописник на весниците Балканска федерација и Македонско дело но од 1928 година Михаил Герџиков и Павел Шатев доаѓаат во судир со Димитар Влахов кој ја наметнувал комунистичката идеологија во редовите на ВМРО Обединета.Михаил Герџиков и Шатев настојувале ВМРО Обединета да остане национлана органзиација и да не подпаѓа под влијание на Комунистиката интернационала ниту под Бугарските комунисти ниту под Југословенските комунсити туку да биде организаицја која ќе го обединува македонскиот народ во борбата за Независна Македонија самостојна или како член на идната Балканска федерација. Неколку пати се среќава во Берлин со Георги Димитров. Кој имал тесни врски како водач на Бугарските комунисти тесни врски со Виенскиот центар на Коминтерната.Учествува во усогласување Цариградска конференција на ВМРО (Обединета) од 1930 година и влегува во составот на ЦК како член на Задграничната биро. Но по конференцијата не заминува за Берлин, каде е Централниот комитет, а се враќа во Бугарија во 1931 година.Михаил Герџиков и Павел Шатев како предводници на националреволуционерна струја на ВМРО Обединета од 1930 година запчнуваат да ги интензивираат контактите и соработката со Петар Шанданов како предводник на протогеровистичката струја на ВМРО.
Во пресрет и за време на Втората светска војна 1939 – 1945 година поради старост се занимава претежно со новинарство. Соработува со голем број на списанија. Иако некои од неговите соборци учествуваат во антифашистичката борба, Герџиков останува настрана, иако одржува врски со нив тој не зел активно учество во војната. По Деветосептемврскиот преврат од 1944 кога Отчествениот фронт доаѓа на власт во Бугарија година Герџиков како антифашист во Софија е птписник на “Апел кон Македонците во Бугарија”. По 9 септември 1944 година се завртува во в. “Огномет” кон своите другари од македонско-одринското движење но има и недорзабирња со бугарските комунисти. Наскоро се повлекува целосно од активна јавна дејност, разочаран од новите владетели,како анархист неколку пати и бил репресиран од бугарска комунситичката власт во 1946 година. Разочаран во 1946 година тој категорично одбива да биде вклучен во листата на предложените за наградување дејци од Илинденското Преображенско востание.
Повлечен Михаил Герџиков умира на 18 март 1947 година во Софија,до крајот на својот живот постојнао во многу свои изјави агитирал дека Макеоднија и македонскиот народ треба да добијат своја сопствена држава и дека слободата на Македонија сеуште не е извојувана.
Извор: Македонска нацијаВо организација на МПЗ Тодор Александров беше органзиаринао чествување и панихида за Михаил Герџиков.Чествувањето беше под мотото за Независн