„Независните“ експерти станаа партиски активисти на СДСМ!

СДСМ вчера ги промовираше претседателите на новоформираните работни тела. Во имињата кои ги обзнани СДСМ можат да се забележат лица кои подолг период претходно во јавноста се декларираа како невладини активисти и независни експерти.Со овој потег СДСМ ја разоткрива нивната тесна поврзаност со невладини организации од граѓанскиот сектор, јавува Курир.
Во новите постојани работни тела на СДСМ место најдоа Маргарита Цаца Николовска,поранешен судија во судот во Стразбург која во јавноста се претставуваше како експерт за судски и правни прашања, Лидија Димова директор на НВО Македонски центар за европско образование , Мила Царовска програмски координатор во НВО ХЕРА. Сите овие лица во изминатиот период во јавноста се претставуваа како независни експерти кои ја критикуваа работата на Владата.
Очигледно е веќе зошто јавноста нема доверба во невладиниот сектор, бидејќи во невладините организации има партиски спијачи кои преку ноќ добиваат задачи да водат партиски тела во СДСМ.
Покрај нив во Работните тела како претседатели се појавуваат Сафет Бишевац и Ленче Николовска. Овие двајца всушност претставуваат своевидна структура на Велија Рамковски во СДСМ, бидејќи најпрво беа “независни” новинари во поранешната А1, а потоа станаа пратеници од листите на коалицијата предводена од СДСМ. Интересно е што Сафет Бишевац кога стана пратеник се претставуваше дека е дел од партијата Санџачка Лига, за денес да стане член на СДСМ. Во работните тела претседателска функција доби и Стево Пендаровски, кој од поодамна премина од независен аналитичар во функционер на СДСМ.
Со ова се покажаа како точни тврдењата на Саше Ивановски – Политико кој пред некој ден во својата колумна го обвини Владимир Милчин од фондацијата Сорос дека контролира мрежа од над 100 невладини организации и околу 20 портали и медиуми.
Очигледно дека оваа мрежа од невладини организации СДСМ ја користи за партизирање на невладиниот сектор и регрутирање на свои кадри кои по потреба се независни експерти, а веќе следниот ден стануваат партиски функционери на СДСМ.Со овој потег СДСМ ја разоткрива нивната тесна поврзаност со невладини организации од граѓанскиот сектор, јавува 

Пронајдете не на следниве мрежи: