Многу од навиките што ги практикуваме, ни делуваат безопасно. Но дали навистина е тоа така? Во следниот прилог издвојуваме неколку навики, кои би можеле да предизвикаат трајно оштетување на здравјето:Седење
Седењето сериозно може да ги загрози здравјето и изгледот кај луѓето. Последиците можат да бидат драматични – непрекинатото седење повеќе од три часа дневно, одзема 1 година од Вашиот живот. Дури ни кардио тренинг со времетраење од 45 минути, не може да поништи осумчасовно седење. Затоа протегнете си ги нозете и направете мала прошетка, доколку имате и најмала шанса за тоа.
Користење на компјутер
Прекумерната употреба на компјутери може да го наруши сонот. А играњето електронски игри кај децата може да остави посериозни последици, како што се: недостаток на социјализација и намалена физичка активност.
Слушање музика преку слушалки
Ваквиот начин на слушање музика може да го наруши слухот. Најлошото е тоа што последиците нема да ги забележите веднаш, туку дури за 20, 30 години.
Пиење на газирани диетални пијалоци
Нула калории, нула шеќер – како некој можеда му одолеена ова? Меѓутоа, научните истражувања докажале дека вештачките засладувачи се поштетни од обичниот шеќер. Слаткиот вкус му испраќа порака на мозокот да внесе повеќе калории, но доколку не дојде до тоа се создава желба за глад и со тоа се доаѓа до прекумерно прејадување.
Јадење на преработена храна
За жал, ваквиот тип намирници содржи премногу сол и натриум, а помалку хранливи материи. Па затоа, следниот пат заобиколете ја супата од ќесичка и сами згответе си супа. Храната којашто се подготвува за 5 минути не е здрава, па дури и ако пишува дека содржи витамини и хранливи материи.
Пиење сокови
Секогаш е подобро директно да го конзумирате овошјето, отколку да го исцедите. При цедењето на портокалот доаѓа до губење на природните влакна, коишто можат да Ве заситат. Од друга страна, ако сте љубител на здрави сокови, би требало да знаете дека тие содржат поголемо количество на шеќери, конзерванси и други штетни материи.
Недостаток на сон
Недостатокот на сон доведува до промени во когнитивните функции, депресија и недостаток на имунитет. Да спомнеме дека луѓето коишто не спијат околу шест до седум часа, се склони кон дебелеење и почесто страдаат од дијабет.
Седење
Седењето сериозно може да ги загрози здравјето и изгледот кај луѓето. Последиците можат да бидат



