Интервјуто на специјалната Јанева предизвика вистинска бура од реакции во јавноста. Со потполно право најголем дел од граѓаните беа шокирани, останаа без коментар од демонстрираното незнаење на Јанева. И не е точно дека беа шокирани од нејзината трема. Не, не. Граѓаните знаат точно што е трема, а што класично незнаење. Џабе им се „везењата“ на платениците и советниците на Јанева по социјалните мрежи и по медиумите. Џабе им се обидите да ја „исперат“ колку толку од срамот, да ја „извадат“ од кашата на специјалната празнотија во умот. Граѓаните точно знаат дека туѓото незнаење не се покрива со охрабрувачки постови, со лицемерниставови, со нарачани мислења за напад на друг, а не на тој што вистински заслужува да биде ставен на ѕидот на срамот.Нема друг лек за незнаењето на Јанева освен самата да се повлече од функцијата. Тоа би било најчесно и пред себе, и пред граѓаните што ја плаќаат за да ја врши својата функција одговорно, професионално, и со знаење. Можната алтернатива на нејзината оставка, ако таа е сепак незаменлива, и според менторот што ја поставил единствено кадарна да игра по неговите ноти и да чита негови одговори,е да седне, да си го загрее столот, и да почне да чита со ред: нов Закон за кривична постапка, пречистен текст со измени и дополнувања на Кривичниот законик, Закон за јавното обвинителство, Закон за судовите, итн.Да ја совлада целата материја што очигледно и прави најголема мака на специјалната, а што е, за жал, нејзина надлежност и делокруг на работа. Незнаењето на Јанева нема ама баш никаква врска со нејзиното (не)искуство пред камери, со нејзината трема, и со слични тралала муабети за мали деца.
Незнаењето на Јанева е повеќе од очигледно уште од првиот ден кога започна работата на СЈО. Тоа беше видливо со голо око уште со првите кажани зборови. Многумина се правеа на Тошо, се правеа како да не се од тука. Ама ако грдотијата може и некако да се прикрие, незнаењето никако. Тоа не се камуфлира. Тоа не се крие.
Многу факти го докажуваа нејзиното незнаење. Да потсетиме на дел од нив.
Јанева ќе остане запишана во историјата на независна Република Македонија како единствен носител на јавна функција што јавно го оспори легитимитетот на сите политички институции во државата, вклучително и легитимитетот на Собранието што ја избра. Од самиот почеток Јанева покажа елементарно незнаење за тоа како функционира политичкиот систем и кој дава, а кој зема, или кој може да го оспориполитичкиот легитимитет на институциите во државата. СЈО постапи со незнаење и во однос на приемот на незаконски прислушуваните материјали. Колку ли само време му беше потребно да направи прием и записник за примените материјали. Да се потсетиме на гротесните прес-конференции на кои обвинителките со своите театрални и комични настапи директно ги повредуваа основните човекови права на граѓаните, ја повредуваа пресумпцијата на невиност, тајноста на постапката, објективноста на постапката, законитоста на доказите, начелото на легалитетот.
Да потсетиме наизјавите на обвинителките дека правдата е една и дека никој нема да биде привилегиран и неправедно осуден во државата. Јавни обвинители зборуваат за тоа дека никој нема да биде „неправедно осуден“. Обвинители ли се, судии ли се. Од каде знае, на пример Фатиме дека судот нема неправедно да осуди никого. Како тоа зборува дека правдата е една, а токму СЈО секојдневно го демантира ова тврдење преку селективниот пристапво однос на правдата. Јавноста е сведок дека СЈО има двојни аршини кога станува збор за правдата.
Една е правдата за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, друга е правдата за функционерите на СДСМ. Една е правдата кога се разгледуваат настаните поврзани со активистите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, друга кога не се ниту забележуваат насилните дејствија на активистите на СОРОС и на членовите на СДСМ.
Да потсетиме дека токму Јанева на последната прес-конференција изрази очекување дека Судот ќе закаже рочиште во законскиот рок од 8 дена по двата поднесени обвинителни предлога. Ваквото очекување на Јанева предизвика неверување кај експертската јавност дека специјалната не ги познава новите одредби во Законот за кривичната постапка каде јасно е утврдена обврската на Судот да го испита обвинението, и ако одлучи да го прифати да закаже главна расправа. Законот не предвидува никаков рок од 8 дена да се закаже рочиштето, како што тоа го тврди СЈО. Судот по свое наоѓање во разумен рок треба да го испита обвинителниот акт во смисла дали е основан или не, па дури потоа да закаже рочиште.
Да потсетиме дека јавните обвинителки кога ги реферираат предметите на кои работат често пати упатуваат на примената на ЕКЧП. СЈО очигледно не прави разлика меѓу заштита на државни интереси, од една, и заштита на индивидуални права на граѓаните, од друга страна. Во сите до сега поведени предмети од страна на СЈО овој орган зборува дека државата била оштетена заради одредени наводно сторени противправни дејствија. Како специјалниве да заборавија дека ЕКЧП не може да се примени кога станува збор за одбрана на интересите на државата, туку само кога се повредени индивидуалните права и слободи на граѓаните. ЕКЧП не може да се примени за држави. ЕКЧП се применува за граѓани и за заштита на нивните индивидуални слободи и права.
Но, да не редам натаму, бидејќи репертоарот на докажаното незнаење е широк и долг. Има многу што да се реди. Јанева во интервјуто повика да се применуваат препораките од Венецијанската комисија. Желбата и беше остварена.
„Свиркачот“ од МТВ, со цел заштита на јавниот интерес, и пошироко запознавање на јавноста со калибарот и знаењето на личноста што се занимава со можеби во моментов најзначајната јавна функција во државата, ни го направи достапно целото интервју. Она несеченото, нелепеното, немонтираното. Граѓаните му се благодарни за тоа, бидејќи излегоа на површина многу проблеми во „непартискиот и професионалниот“ национален телевизиски сервис, излегоа на површина сите вистини, кои иако се болни за некого, треба да отрезнат многумина. Пред да биде доцна за се.Нема друг лек за незнаењето на Јанева освен самата да се повлече од функцијата. Тоа би било најчесно и пред себе, и пред граѓаните што ја плаќаат з