„Незнаев за достоинство се додека не облеков ФЕРЕЏЕ“- Исповедот на оваа Србинка која го прифатила исламот ЌЕ ВЕ ДОВЕДЕ ДО СОЛЗИ!

„Знаете, сепак најубавото во се, е да знаете дека сето она што го имате резервирано не е само за еден маж, туку и само за неговите очи и погледи!“- објаснува Алмира (30).Драгана Ј. (30) со потекло од Нови пазар имала 25 години кога го прифатила исламот.
Кажува дека не ни сонувала дека поради љубов ќе стане Алмира. Но таквите работи и не се планираат нели? Тие едноставно се случуваат.
А, тоа како нејзиниот татко, мајка и брат реагирале на нејзиниот избор и на колку препреки наидувала се додека не се изборила денес да биде среќна и сакана жена и мајка на три прекрасни, здрави и весели деца, само таа самата си знае…
Класично исламско црно фереџе, широки долги ракави кои ноншалантно „и играат“ околу зглобовите, додека крагњата, барем на прв поглед се чини дека ја стега околу вратот… Токму така сега изгледа Алмира.
А ова е нејзината исповед…
„Апсолутно не е важно која вера  сум била пред примањето на исламот. Бев девојка во вистинска смисла на зборот уште од 14 години. За прв пат ги забележав погледите на едно момче… И истите тие ме привлекуваа. Никогаш не сум била срамежлива. Умеам искрено да сакам и горда сум на тоа.
Тоа беше времето кога за прв пат сериозно се заљубив. Не е важно како се викаше. Ми го скрши срцето и долго време после него бев сама. Ќе ме разберат сите жени кои некогаш сакале. Го знаете ли она чувство како некој нешто да ви искорнал од градите, па на тоа место чувствувате болка толку силна што понекогаш мислите дека никогаш нема да ја залечите? Во тоа време јас мислев дека никогаш, ама баш никогаш нема да го заборава“…

 

„Алах ме направи ваква каква што сум… Кажуваат дека сум згодна жена, а не е мое да се противам на тоа… Што и да облечев привлекував внимание. Кога бев дури и во фармерки, подеднакво „се ѕвереа“ во  мене, исто како и кога ќе облечев најобична маичка и панталони“- кажува Алма а потоа преминува на делот од нејзиниот живот во кој го сретнала човекот на својот живот.
„Мустафа го запознав на 24 години. Беше една од оние средби кои му на случуваат на еден човек во милион… Таквите работи не можат да се објаснат. Знаев дека тој е тој и дека поради него ќе го прифатам исламот и ако треба ќе му се спротиставам на целиот свет.
Фереџе за прв пат облеков на 25 години. Така сакаше неговото семејство но и јас!
Гледав како достоинствено го носеше мајката на Мустафа  и неговите сестри и верувајте и самата посакав да го облечам. Искрено и денес после 5 години можам да ви кажам дека жената не знае што значи да се биде почитуван и достоинствен се додека не облече фереџе. Ги нема оние понижувачки погледи на мажите од десет до осумдесет години поради кои многупат превртував очи….
Знаете, сепак, најубавото во се е што  знаете дека сето она што го имате резервирано не е само за еден маж, туку и само за неговите очи и погледи! Од тоа едноставно нема подобро чувство!
Мислам дека не морам да ви додавам дека Мустафа воопшто не мораше да ме убедува да облечам фереџе. И да не ми го побараа тоа неговите, јас самата ќе го направев!- кажува Алмира која додава дека е и многу посамоуверена и поопуштена откако се облекува по исламските обичаи.
Во врска со прашањето кое често ми го поставуваат за тоа дали мажите разликуваат колку години има жената кога таа во постполност е покриена… Можам да кажам дека е доволен само еден поглед на една жена за без проблем да сфатите колку години има таа и каква е!“
„Никој не може да натера некого да носи фереџе. Иако исламот не дозволува жените да одат со откриено тело, се е до самите вас… Во Кабула постои гроб на прочуена персиска пејачка по име Роби Балхи. За неа е врзана средновековна легенда според која кажуваат дека роднините ја казниле затоа што го открила лицето пред непознат маж во кој се заљубила, а кој припаѓал на пониската класа од нејзината. Бидејќи ја затвориле  и и ја заѕидале ќелијата, таа умирајќи со крв на ѕидот  ги напишала своите последни 4 стиха. Тоа биле строфи посветени на женската убавина…
Што ли сакала да постигне со тоа?
„Моите пријателки и јас секоја втора година го посетуваме гробот на Роби. Ете, таа размислувала поразлично, а ние и се восхитуваме! Во животот се е прашање на избор!- кажува Алмира.
Што мислите вие во врска со ова?Драгана Ј. (30) со потекло од Нови пазар имала 25 години кога го прифатила исламот.
Кажува дека не ни сонувала дека поради

Пронајдете не на следниве мрежи: