Сопругата на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, и директорката на фондацијата „Новак“, од својата деветта година се соочува со проблем што не дозволува да и го поремети животот.Јелена Ѓоковиќ важи за личност која е многу отворена за своите проблеми со своите фанови на социјалните мрежи, како и за личност која умее да ги цени и најмалите работи во животот. Понекогаш и едно обично зајдисонце е сосем доволно да ни го направи денот неверојатен, зар не?
Сопругата на успешниот тенисер објави фотографија токму од еден таков залез, со опис што ќе ве натера да се замислите.
„Имам многу лош вид од деветтата година. Сериозно лош. Без леќи или очила, не гледам баш многу. Се ми е заматено“, почна Јелена.
Сепак, таа истакна дека е радосна и дека чувствува голема благодарност што воопшто успева да ја види оваа прекрасна глетка.
„Овој вовед го напишав само за да истакнам колку сум благодарна што го ГЛЕДАМ овој прекрасен залез на сонцето и го ценам со сите мои сетила. Го одзема здивот, зар не? Благодарна сум на моите очи“, заврши Јелена.
Јелена Ѓоковиќ важи за личност која е многу отворена за своите проблеми со своите фанови на социјалните мрежи, како и за личност која умее да ги це