Ниче Димовски: Бог е жив!

КОКИНО
Јуни, 2011-та

Беше сабота. Ја зедов во три по полноќ и заминавме на Кокино. Кога пристигнавме, се разденуваше. Се позициониравме на источната страна на врвот од карпестиот предел, седнати на карпите. Седевме загледани на исток. По некое време сонцето започна срамежливо да излегува, за потоа да се покаже со целиот сјај. Гледавме во сонцето неколку минути. Потоа започнав со многу љубов да говорам за нашата татковина.
На просторот на Македонија живееле луѓе со илјадници години пред нас. За тоа говорат многуте артефакти кои секојдневно ги пронаоѓаме и пораките испратени од предците кои сега стигнуваат до нас. Некои за да нè предупредат, други да не заборавиме, трети да ја покажат моќта на империјата од нашите цареви. Сите тие токму сега ќе се јавуваат во сè поголем број за да ни помогнат да го оствариме многувековниот сон. Сонот кој секоја генерација го посакувала, но оваа ќе го оствари. Сонот во кој ќе го вратиме сјајот на древната македонска цивилизација и на светот ќе му ја презентираме вистината за нашата Империја од која тие се плашеа и тогаш, но и сега. Светот ќе биде изненаден од Вистината и ќе мора да ја прифати. Впрочем, и секој сака да се дружи со победникот на чија страна е вистината.
Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?
Со илјадници години ни беше одземано, сè ни беше одземено . Македонската вистина ја крадеа и светот го градеа. Го лажеа светот дека е нивно сето она што е наше. Морало така да биде, да ја крадат нашата митологија и историја оние што немаа своја. Така требало да биде за да пораснеме. Ни го одземаа човечкото достоинство, слободата, творештвото и сè за да ни се зголеми жедта за знаење и за вистинска слобода, слободата на душата. Онаму каде што има знаење, не исчезнува. Може да се подзаборави, но не ѝ да се заборави и да исчезне. Ништо не е случајно од сè она што до сега ни се случувало. Минатото е сегашност и треба да сме свесни дека сегашноста ќе биде иднина.

Извадок од „Бог е жив“ (објавена 2013 година) – Ниче Димовски Македон

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.