– Законот за избори го донесоа сите четири најголеми политички партии уште во ноември минатата година. Тогаш се согласивме дека 24 април е најсоодветниот термин за излез од кризата. Од една страна обезбедува доволно време за исполнување на сите услови за одржување на фер и демократски изборен процес, а од друга страна не се развлекува кризата и последиците што сите ние секојдневно ги чувствуваме. Датумот произлезе и од договорот од Пржино на кој се согласија сите четири учесници во преговорите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Телеграф.мк.Т: Прво и најважно прашање кое ја оптоварува целокупната јавност во Република Македонија е прашањето дали ќе има избори. СДСМ одлучи да не го чека извештајот на меѓународните претставници и констатираше дека нема услови за одржување на предвремените парламентарни избори заради што партијата нема да излезе. Кој е ставот на ВМРО ДПМНЕ?
Ставот на ВМРО ДПМНЕ е дека законите мора да се почитуваат, а пред се мора да се почитува волјата на граѓаните. Излезете на улица и ќе видите. Не мора да ги читате анкетите. Народот референдумски се изјаснува дека сака излез од оваа криза која што ја наметна СДСМ. Постои итна потреба за предвремени избори во Македонија. Без избори, земјата ќе стагнира. Економските резултати кои ги постигна Македонија се меѓу најдобрите во регионот, а тие резултатите беа поткопани од опозицијата преку кризната состојба.
Потребна ни е стабилност за привлекување на странски инвестиции и создавање работни места. Потребна ни е стабилност за инвестирање во училишта, патишта и болници. Потребна ни е стабилност за да станеме членка на ЕУ и НАТО заради наша идна безбедност и просперитет. Потребна ни е стабилност за да граѓаните може да си продолжат со своите животи, да работат посветено, да се грижат за своите семејства и да изградат подобра иднина. Опозицијата гледа поинаква Македонија. Македонија ја гледаат во постојана криза. Ние се бориме да заврши кризата. СДСМ се бори да ја пролонгира.
Ние имаме програма за создавање на работни места, вработување на повеќе Македонци и стимулирање на повисоки плати. Имаме програма за изградба на болници, грижа за болните и осигурување на адекватна здравствена заштита. Имаме програма за патишта и мостови, транспорт и инфраструктура. Имаме програма за образување на нашата младина, за да може да ги научат вештините во кои сакаат да инвестираат работодавачите. Затоа што веруваме дека следниот голем инженер, следниот голем изумител, следниот голем научник, следниот голем технолог е детето во Македонија денес. Тоа е иднината!
СДСМ нема план. СДСМ нема програма. СДСМ нема визија. Тие едноставно креираат криза по криза по криза. СДСМ се претвори во „партија на кризи“. На изборите, на гласачкото ливче нема да има само кандидати и партии. Ќе има избор на визии и избор на тоа каква иднина македонските граѓани сакаат за себе и за своите деца. Изборот е од огромна важност. Не може да се одложи ниту да се негира. Визијата на ВМРО за иднината на Македонија се заснова на правото на народот да одлучува. Ја почитуваме волјата на граѓаните и мудроста на гласачите.Т: Прво и најважно прашање кое ја оптоварува целокупната јавност во Република Македонија е прашањето дали ќе има избори. СДСМ одлучи да не