Ние сме најпосетуваниот портал за Јули

Почекавме да ги видиме бројките на сите релевантни мерења за посетеноста на сајтови во Македонија. Знаете дека не се брзаме никаде, дојдовме и тука сме да останеме со вас. 
А според тоа што го видовме ние сме ја добиле вашата доверба и за тоа ви благодариме. Сме биле најпосетен сајт во Македонија за месец јули оваа година. Се разбира тука се доказите, кои ќе ви ги презентираме во овој текст. За жал има многу сајтови кои во отсуство на закон ја користат празнината и крадат текстови, препишуваат или пак работат без редакција, и сериозен пристап. Некои типчиња кои од дома пополнуваат слободно време играјки се портал…
Ние знаевме дека времето ќе ја растера маглата и дека се ќе си дојде на свое место. Така и бидна. Многу обиди за импровизација завршија неславно и сега ги нема никаде тие наводни портали, порталчиња или сајтчиња кои ги воеа дечки со купување на фејсбук страници. Некои од нив ни се јавија да продаваат пошто пото, откако Фејсбук престана да дава масовен рич, опфат за без пари…
И така е добро. Затоа што се создаде лажна слика дека постојат многу сајтови, кога всушност во Македонија има само 20тина портали кои имаат повеќе од 10.000 посети дневно. А тие што имаат на 50.000 посети се бројат на прсти. 
Еве ги нашите бројки на увид на јавноста. Ние не ги криеме како другите кои пробуваат да фингираат, да импровизираат. Ако еден портал деновиве на големо се фали дека бил број 1 со 1.8 милиони посети, ние им честитаме, но ние во истото тоа време имаме 1.85 милиони посети. Тие се пофалија во тоа време со 5.7 милиони прегледани страници. Тоа е сериозна бројка, но не се први, затоа што ние имаме 7.54 милиони прегледани страници…
Уште подобри ни се бројките во послените 30 дена. Така што имаме  1.95 милиони посети, а истовремено и  7.54 милиони прегледани страници…
Па драго ни е што мислат дека се први. Но, реалноста е малку поинаква. Бројките се немилосрдни. Еве ги на увид на јавноста….
Се појавува кај нас дополнителна бројка на посети, која е поврзана со САД, Германија, Италија, Австрија, Австралија… се се тоа држави каде што имаме емиграција и радосни сме што и таа не прати. 
Нашата мисија, почитувани е да ве информираме брзо, ефикасно, објективно, да го задржиме вашето внимание и со вас да формираме траен и искрен однос. Да продолжиме како и досега заедно. Останете со нас. За жал има многу сајтови кои во отсуство на закон ја користат празнината и крадат текстови, препишуваат или пак работа

Пронајдете не на следниве мрежи: