Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во вестите на Телевизија Алфа објасни дека од европската комисија, преку советот за стабилизација и асоцијација, стигнале првите критики кон новата влада во делот на администрацијата за избрзаните и прекумерни промени, без разлика дали се работи за сите членови на управни и надзорни одбори кои што ги именува владата, разрешувањето на голем број директори на јавни институции, а најголема критика е во делот на тоа што за тие промени нема никаква причина и нема никакво образложение во јавноста. Имајќи во предвид дека е направено во нетранспарентна постапка, за овие смени, го доведува целиот кредибилитет во прашање.– Ние сме во очекување за почеток на преговори и Европската Комисија изготвува извештаи за Македонија. Сакам да потсетам дека во 2014 година македонското Собрание усвои нов закон за јавна администрација кој што беше работен заедно со Европската Комисија, кој исклучително високо беше оценет и кој воспостави стандарди за унапредување во администрација, што значи дека со тој закон ние пресековме еден процес кој можеби траел од 1944 година, а тоа е една партократија која што владееше во Република Македонија, а тоа е наместо најспособните да се избираат оние кои што се најблиски на партијата која што во моментот е на власт, рече Николовски.
Тој потенцираше дека, новиот закон веќе три години функционира одлично.
-Тој закон беше потенциран во извештајот на Прибе како добар закон кој треба да се примени. За жал првите чекори на новата влада говорат нешто спротивно. Слушнавме и реакции од комесарот Хан и од други европски дипломати и сметам дека владата тоа сериозно ќе ги сфати.
– Ние сме во очекување за почеток на преговори и Европската Комисија изготвува извештаи за Македонија. Сакам да потсетам дека во 2014 година