НИКОГАШ ДОСТА: Домашни погачи со кисело млеко

Домашните можете да ги израдувате со топли погачи кои се „лапни – голтни“.Едноставни се за правење, не одземаат многу време, немате потоа многу садови за миење и што е најважно многу се вкусни и сите ги обожаваат.
Потребни состојки:
   250g брашно (тип 400)
   60g маргарин
   1 шолја кисело млеко
   1 кесичка прашок за печиво
   1 јајце
   Сусам по желба
Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за печиво, додадете го маргаринот и месете го тестото додека не добиете хомогена смеса. Додадете го киселото млеко и повторно месете го тестото. Оставете го на топло да мирува половина час, а потоа растегнете го тестото да биде дебело околу 2cm и со чаша направете погачи. Во тава ставете масна хартија и наредете ги погачите. Премачкајте ги со жолчката од јајцето, напрскајте ги со сусам по желба и ставете ги во загреана рерна на 180 степени. Печете ги 20-на минути сè додека не заруменат.Едноставни се за правење, не одземаат многу време, немате потоа многу садови за миење и што е најважно многу се вкусни и сите ги обожаваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: