Никогаш не би погодиле кои познати личности се во сродство

Кралицата Елизабета и Џони Деп, Селин Дион и Џастин Бибер, Барак Обама и Бред Пит, како и Кејт Миделтон и Гај Ричи се само некои од популарните светски фаци кои имаат роднински врски. Интернет сајтот „Find my past“ на своите страници ги објавил роднинските врски меѓу познатите личности.
Кралицата Елизабета втора и актерот Џони Деп се далечни роднини и тоа по 20то колено. Тие двајца се потомци на Англискиот владетел Едвард трети кој умрел далечната 1377 година.
Роднини се исто така Мадона и Камила Паркер Боулс и тоа по 9то колено. Кралицата на поп музиката и сопругата на принцот Чарлс се потомци на Канаѓанката Маделајна Ернард и нејзиниот сопруг, столарот Захарие Клоутера, кои живееле 17тиот век.

Нема да верувате, но заеднички предци имаат Барак Обама и Бред Пит. Во прашање е човек од Вирџинија Едвин Хикман, кој е нивен пра-пра-прадедо и кој умрел далечната 1769 година. Претседателот на САД и познатиот актер се роднини по 10то колено.
Инаку, Анџелина Џоли, партнерката на Бред, е далечна роднина со поранешната секретарка на САД Хилари Клинтон.

Роднинските врски имаат и Кејт Миделтон и Гај Ричи и тоа по шесто колено. Иако присуствувал на кралската венчавка, славниот режисер не бил поканет затоа што е роднина со војвотката од Кембриџ, туку затоа што е добар пријател со принцот Вилијам.

Роднини по 10то колено се и канадските ѕвезди Селин Дион и Џастин Бибер. Тие имаат заедничка прабаба Мари Боисдон и прадедо Жак Везин, кои од Франција во Канада стигнале во 17 век. Интернет сајтот „Find my past“ на своите страници ги објавил роднинските врски меѓу познатите личности.
Кралицата Елизабета вто

Пронајдете не на следниве мрежи: