Компанијата Cable.co.uk, спроведе истражување во Велика Британија, чија тема беа навиките на користењето интернет. Истражувањето беше спроведено врз вкупно 2 500 испитаници, а резултатите се застрашувачки.Имено, 29 отсто од испитаниците се до тој степен зависни од интернетот, што би допуштиле во замена за постојан пристап да им се отсече прстот.
Околу 25 отсто од луѓето, не можеле да се одлучат дали би го задржале прстот или би уживале во брзиот пристап кон интернетот. Во слично истражување што го спроведе ISP Hyperoptic, 45 отсто од испитаниците изјавиле дека би се откажале од чоколадото во замена за стабилна интернет конекција во текот на неделата.
Исто така, 24 отсто од луѓето би се откажале од алкохолот во замена за интернет.
Дали овие податоци се претерани?Имено, 29 отсто од испитаниците се до тој степен зависни од интернетот, што би допуштиле во замена за постојан пристап да им се отсече прстот.