Препечен тост,претерано пржени или печени компири носат ризик од рак,предупредуваат стручњаците кои укажаа на канцерогените својства кои се појавуваат во претерано готвените намирници.Загорените или потемнетите делови на намирниците во тие случаеви содржат акриламид,хемиско соединение кое во 2002 година шведските научници го идентификувале како потенцијално канцерогено.
Британската агенција за безбедност на исхраната (ФСА) наведе дека акриламид се формира во храната богата со амидон како што се компирите и лебот при готвење на високи температури.
Да би се смалила на минимум изложеноста на таа хемиска супстанца ФСА предложуваат готвењето на намирниците да се ограничи и да им се да даде на потрошувачите визуелно упатство – повеќе ја сакате бојата на златото од кафеавата,што е знак на предолго готвење.
ФСА наведува дека повеќето луѓе не се упатени во постоењето на акриламидот и изразува надеж дека оваа кампања ќе им сугерира на луѓето да го смалат неговото конзумирање.
Покренувањето на кампањата особено е забележана во британските медиуми, така да денес „BBC” се запрашаа дали треба да се одречеме од тостот.
Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) наведе дека податоците произлезени од проучувањето врз животни покажуваат дека акриламид и нејзиниот метаболит глицамид се канцерогени и генотоксични.
Во студиите на човекот не може со сигурност да се извлечат заклучоци дека изложеноста со акриламид предизвикува рак.Загорените или потемнетите делови на намирниците во тие случаеви содржат акриламид,хемиско соединение кое во 2002 година шведските научници го иден