Првата куќа на Месечината би требало да изгледа како типична шведска колиба, со црвена фасада и бели рабови, а Михаел Генберг покрена независна кампања на интернет со цел да ги собере потребните средства за да успее во својата намера.Шведскиот уметник Михаел Генберг ги поместува границите на уметноста и тоа надвор од рамките на нашата планета. Тој собира 15 милиони долари за да ја изгради првата куќа на Месечината. Сепак, нема да може да се живее во оваа куќа, туку таа само ќе претставува уметнички проект.
Во вселената никој не може да ги критикува уметничките дела, никој не може да ги допира, дури ни да ги разгледува, освен при повремените посети од страна на астронаутите, преку телескоп или можеби вонземјаните. Сепак, нејзиниот креатор се надева дека оваа куќа ќе претставува симбол на сопирливоста на вселената.
Целиот проект се прави во соработка со американската вселенска компанија Astrobotic, а Генберг покрена независна кампања на интернет, со цел да собере пари. Моментално тој има собрано околу 2,6 милиони долари од потребните 15 милиони, за што му останаа уште 185 денови бидејќи планира да го покрене проектот во октомври наредната година.
Минијатурната куќа, која е висока 2.5 метри и широка 3 метри, сосема е доволно да угости еден возрасен човек. Ќе биде направена од специјални материјали, таканаречени „вселенски ткаенини“.Шведскиот уметник Михаел Генберг ги поместува границите на уметноста и тоа надвор од рамките на нашата планета. Тој собира 15 милиони долари за да