„Никогаш во животот немам видено толку многу бели чаршави како знак на смрт…“, исповед на пар од Србија кој го преживеал масакарот во Ница

Ѓорѓе Јаниќ (30) и неговата девојка Драгана Јариќ (26) на денот на страотниот масакр биле на одмор во Ница и престојувале во хотелот кој се наоѓал над шеталиштето каде се случи терористичкиот напад.Нивното сведоштво е застрашувачко а смртта ја избегнале за „влакно“.
-Четврток беше нашиот претпоследен ден од одморот во Ница. Цел ден се шетавме и бањавме, а околу 21 часот се вративме во хотелот за да се спакуваме и имавме во план потоа да излеземе. Јас брзо се спакував, но Драгана постојано одолговлечуваше и повторуваше дека не и се оди. Не можев да ја чекам и излегов сам. Но таа ме врати кога бев на самиот излез на хотелот барајќи од мене да ги затворам куферите за потоа да одиме заедно. Кога слеговме во холот се слушна пукање и вресоци, кога погледнавме надвор видовме топла на луѓе како бега. Во првиот момент не знаевме што се случува, но ни беше јасно дека е некоја голема несреќа. По два дена од трагедијата ми станува јасно дека тој куфер ни го спаси животот, објаснува Ѓорѓе.
Кога започнало пукањето тој излегол надвор, додека пак неговата девојка се вратила назад во соба.

 
-На „нашата“ клупа, на која седевме целиот одмор, видов двајца мртви, а покрај  нив уште неколку кои беа тешко повредени. Локви крв имаше насекаде и сфатив дека станува збор за терористички напад. Каде и да се свртев гледав мртви и повредени. Луѓето трчаа избезумени, мајките во раце ги носеа своите деца….бев во шок, но не осетив ни тронка страв. Напротив бев бесен и многу лут. Имав желба да помогнам, но масакрот сеуште траеше. Го видов камиотнот на 500 метри од мене и слушнав непрекинато пукање, вели Ѓорѓе.
Тој после неколку минути собрал сили и се стрчал до човекот кој бил повреден и бил најбликсу до него, за да му помогне колку што може. И други луѓе доаѓале и им помагале на повредените.
-Никогаш нема да можам да го заборавам тоа. никогаш во животот немам видено толку многу бели чаршави како знак на смрт, на едно место, објаснува тој.Нивното сведоштво е застрашувачко а смртта ја избегнале за „влакно“.
-Четврток беше нашиот претпоследен ден од одморот во Ница.

Пронајдете не на следниве мрежи: