Неверојатен податок за катастрофалниот резултат што македонските фудбалски шампиони го постигнале во квалификациите од Лигата на Шампионите, верувале или не, Работнички е последниот македонски клуб што триумфирал во квалификациите за ЛШ.
Екипата на Работнички во 2006-тата година имаше фантастично претставување во Европа, поточно во Лигата на Шампионите.
Во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите, нашиот претставник потешко од очекувањата го елиминираше Дуделанж (Луксембург), со вкупен резултат од 1-0 од двата натпревари.
Потоа во второто коло во рамките од квалификациите за Лигата на Шампионите, Работнички му одржа фудбалска лекција на унгарскиот фудбалски шампион, на гости играјќи 1-1, но на домашен терен настана делириум откако нашиот тогашен првак го совлада унгарскиот првак со 4-1. Добрите познавачи на мак-фудбалот сеуште го помнат евро-голот, фудбалското ремек-дело на Неџипи кое беше увертира за големата победа на Работнички и историскиот пласман во третото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите.
Понатаму, во наредната фаза следеше двомеч со мошне силниот француски Лил кој имаше перфектен состав, па нашиот тогашен првак во двата натпревари изгуби со вкупен негативен скор од 0-4. Поради пласманот во третото коло во квалификациите за ЛШ, Работнички се пласираше во Купот на УЕФА, но загуби од Базел со лош негативен скор од 2-7.
Верувале или не, од таа сезона, 2006-тата година, Македонија сеуште чека на победа на македонски фудбалски шампион во рамките од квалификациите за Лигата на Шампионите, податок што разочарува.
Неверојатен податок за катастрофалниот резултат што македонските фудбалски шампиони го постигнале во квалификациите од