Оваа доверба не сме ја стекнале лесно, туку со многу работа, со многу труд и деноноќна работа. Немам намера да ја прокоцкаме довербата со програма која не е остварлива.Ова вечерва при гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ го истакна премиерот Никола Груевски, коментирајќи ја новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, „Проверено“.
-Првата селекција ни беше што треба, што не треба, да најдеме проритети, тоа беше најтешкиот дел. Поентата беше програмата да биде многу квалитетна и да нема сериозни грешки, да нема нешто што нема да го реализираме. Пресметките беа правени на лице место. Не можеме да ги решиме сите проблеми и тоа никогаш не сме го ветиле. Бегајте од тој кој ветува дека ќе ги реши сите проблеми, рече Груевски.
Тој нагласи дека ќе решат многу повеќе проблеми од било која друга политичка структура.
-Се работи за највкалитетна до сега изработена програма. Се тркаме самите со себе, СДСМ нема програма, се тркаме со огледало. Се споредуваме со програмите на големите партии од другите земји во регионот, рече Груевски.
Тој нагласи дека отворање на нови фабрики, подобрување на бизнис кимата, пониски даноци, отворање на нови работни места се нивните приоритети.
-Најмногу сме посветени на најранлиивте категории и на економијата, создавање на подобри услови за бизнис преку помагање на компаниите. Затоа и ги намалуваме даноците и имаме најниски данови во Европа. Во овие 7 ипол години и покрај тешките услови успеавме да отвориме нови 120.000 работни места. Оттука бројката од 64.000 личи многу остварлива особено во време кога нема вакви кризи. Бројката од 64.000 е направена според пресметки и предвидено е намалување на стапката на невработеност на 22 отсто, рече Груевски.
Секогаш кога СДСМ е на власт невработеноста расте. Никој не се сеќава во време на СДСМ да се изгради фабрика од нула, гринфилд инвестиција, рече Груевски. Ова вечерва при гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ го истакна премиерот Никола Груевски, коментирајќи ја новата програма на ВМРО-ДПМ