Никој не знае АПСОЛУТНО НИШТО за овој човек!

Мажот, кој во 2004 година бил пронајден во контејнер зад еден ресторан во Џорџија, со себе немал никакви документи, имал тешки изгореници по телото и бил речиси слеп.Тој бил однесен во болница, во која го добил името според иницијалите на ресторанот за брза храна пред кој бил пронајден.
На Бенџамин Кајл му била дијагностицирана ретроградна амнезија, што значи дека не може да се сети на ништо што му се случувало пред да ја добие амнезијата. Иако бил спасен, животот на Бенџамин станал комплициран, а неговиот вистински идентитет и понатаму останал непознат.
Бенџамин е единствениот Американец кој се води како исчезнато лице и покрај тоа што се знае каде се наоѓа.
Тој бил ставен и под хипноза. За време на хипнозата, биле откриени неколку детали за него: роден е на ист ден како и Мајкл Џексон, но десет години пред покојниот пејач. Тоа значи дека Бенџамин е роден во 1948 година. Исто така, тој навел дека има двајца или тројца браќа.
Една деценија по неговото откривање, сѐ уште никој не се има јавено да го побара, а изгледа и тој крена раце од потрагата по членовите од неговото семејство.Тој бил однесен во болница, во која го добил името според иницијалите на ресторанот за брза храна пред кој бил пронајден.
На Бенџамин Кајл

Пронајдете не на следниве мрежи: