Никој не знае кога се одиграла „Лерин“ на Унковски и Поповски за која добиле пари од државата

„Лерин“ е насловот на театарската претстава за која друштвото за театарски и едукативни дејности „Театарот на навигаторот Цветко“ од Министерството за култура добило финансиска поддршка од 800.000 денари, како за проект од национален интерес во културата во драмската дејност.И се би било во најдобар ред, доколку овој проект од национален интерес граѓаните имаа можност да го погледнат и да дознаат како се искористени народните пари. Наместо тоа, речиси никој не знае дека ваква претстава воошто некогаш се одиграла.
Спротивно на она што (не) го знае јавноста, директорот на „Театарот на навигаторот Цветко“, режисерот Александар Поповски пратил допис до Министерството за култура на Република Македонија во кој стои дека претставата „Лерин“ за која добил 800.000 денари, се одиграла на 29 декември 2015 година.

Ако го пребарате гугл, ќе забележите дека ниту еден единствен македонски медиум воопшто не го забележал овој настан од национален интерес, но уште поиндикативно – премиерата на „Лерин“ не е забележана ниту од фан-страницата на „Театарот на навигаторот Цветко“ на фејсбук. За неа ништо не пишува и на фан-страницата на Кино Култура, местото на кое се одиграла мистериозната премиера. На страницата на Кино Култура не само што нема информација за премиерата, туку во репертоарот не може да се забележи дека се изведувала било кога досега во 2016-та, како што е најавеново единствениот текст кој може да го најдете на интернет а во кој е спомната претставата „Лерин“.
Во една ваква ситуација, логички е да се постави прашањето: се одиграла ли било кога претставата „Лерин“? Можно ли е да имала премиера на 29 декември 2015-та, а за премиерата јавноста да не е известена воопшто, дури ни на фан-страницата на „Театарот на навигаторот Цветко“? На оваа страница после објавата за претставата „Солун – Град на духови“ на 25-ти декември, наредната објава е за настан на 18-ти јануари, а никаде нема известување за еден голем настан како премиера на претстава од национален интерес која како што тврди Поповски, се одиграла на 29-ти декември? Пред која публика се одиграла претставата?

Неодамна токму режисерот Поповски го навлече револтот на јавноста, откако во интервју за белградска „Политика“ ги искажа своите срамни ставови кон обичниот граѓанин, ословувајќи го како „неписмен виновник за сите проблеми во државата“, арогантно и елитистички порачувајќи дека тој обичен човек треба „да го снема“.
Тогаш на Поповски му одговорија професорката Билјана Ванковска и уметникот Александар Русјаков. Ванковска за Поповски рече дека циничен елитистички нелогичен човек кој ем го повикува малиот човек да протестира, ем го навредува. Русјаков беше малку пожесток па за Поповски рече дека е самобендисан и арогантен, како и дека тогаш кога „малиот човек“ беше бркан од работа, лицемерниот Поповски немал време да се буни бидејќи „создавал уметност“.
Перјаницата на шарената револуција на СДСМ, Александар Поповски заедно со неговиот театар јавноста го памети и по скандалозното одбивање да настапи во Драмскиот театар во Скопје по повод 70-годишнината од формирањето на оваа национална институција, откажувајќи ја претставата на час и половина пред нејзиниот почеток, поради нивната одлука да учествуваат на протестите организирани и финансирани од Сорос и СДСМ.

„Причината за тоа е нашата граѓанска должност да застанеме и да ја браниме нашата земја од оние кои ни ја убиваат младоста, слободата, духот, оние кои ни го окупираат нормалниот начин на живот што се случува веќе подолго време, но овие денови го доживува својот врв.“ напишаа тогаш Поповски, Слободан Унковски како режисер, Златко Ориѓански како автор на музиката и актерите од „Театарот на навигаторот Цветко“.
Иако тогаш токму тие го окупираа нормалниот начин на живот и програмата во Драмски со нивните партиски протести, не напишаа што се случи со претставата за која земаа пари од „оние кои им ја убиле младоста, слободата и духот“.
Освен ако под слобода не се подразбира слободата да земеш пари за претстава која нема да се игра, потоа да напишеш дека се одиграла, а никој за тоа да не знае и на крај – да фрлаш боја по улици бидејќи си угнетен, навредувајќи ги обичните граѓани кои не се согласуваат со твојата „слобода“?
 И се би било во најдобар ред, доколку овој проект од национален интерес граѓаните имаа можност да го погледнат и да дознаат како се искористени нар

Пронајдете не на следниве мрежи: