Никој не знае од што боледува ова девојче

Ова деветгодишно девојче има толку ретка болест што се уште нема име, а сериозно и го загрозува здравјето.Кејти Ренфо има пореметување во развојот на мозокот кој предизвикува тој да расте повеќе отколку што треба, а експертите тврдат дека оваа мистериозна болест е толку ретка што не успеале да сфатат за што станува збор.
Нејзината мајка Енџи вели дека од раѓањето на Кејти чека лекарите да постават дијагноза за нејзината состојба.
-Состојбата која Кејти ја има е толку ретка што се уште нема добиено дијагноза. Никој не знае зошто нејзиното лице изгледа така, а единствена работа која со операција лекарите можат да ја направат е да го отстранат масното ткиво од него,  вели таа.
Кејт досега имала огромен број на прегледи, анализи, но и натаму останува мистерија од што боледува ова 9-годишно девојче од Флорида. Имала операција на мозокот, отстранети и биле две цисти и мандула и вградена корекција на образот, ушите и јазикот. Оди во основно училиште за деца со пречки во развојот, но способна е за работа на компјутер без помош од своите родители.

 Сепак Кејти не губи надеж
-Мислам дека нејзината личност е фантастична. Многу е отворена и прилично хиперактивна. таа е среќна. Сака да ги прави сите работи кои ги прават и другите деца и многу е немирна. Ако нешто ја боли ќе плаче, ако нешто и е смешно, ќе ја има најголемата насмевка во светот – вели нејзината сестра Меган.
 
Кејти Ренфо има пореметување во развојот на мозокот кој предизвикува тој да расте повеќе отколку што треба, а експертите тврдат дека оваа мистериоз

Пронајдете не на следниве мрежи: