Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими вели дека никој од граѓаните коишто биле префрлени од првиот во вториот пензиски столб и на тој начин имале финансиски штети нема да остане оштетен, иако, како што посочува, материјата е комплексна и бара повеќе време за да се излезе со прецизни податоци и конкретни решенија.Откако се јави одреден број граѓани кои по воспоставувањето на двостолбниот систем биле префрлени од првиот во вториот столб и на таков начин претрпеле финансиска штета, МТСП најави дека ќе направи анализа и ќе понуди одредени решенија.
– Станува збор за доста комплексна материја. Сега работиме на вкрстување на податоците. Онаму каде што имаме совпаѓање значи тука е лесно, решливо, меѓутоа онаму каде што имаме различитост во податоците, на пример оние коишто се од Фондот за пензиско и пензиските друштва и МАПАС, тука веќе мора да работиме на секој поединечен случај. Впрочем и кај овие вкрстувања секое лице коешто остварува пензија коешто е влезено во вториот столб е посебна приказна. Дали е, на пример, корисник на бенефициран стаж, бидејќи ако е корисник на бенефициран стаж уште покомплексен е случајот, значи сепак мора да се пресмета дали е лице од АРМ, дали е рудар, дали е возач, бидејќи секој има 12, 15, бенефициран стаж и секој случај поединечен. Затоа на тимот му треба малку повеќе време отколку што првично беше замислено за да излеземе со прецизни податоци и да дадеме конкретни решенија како да се надмине проблемот, вели министерот Ибрахими во интервју за Македонската Телевизија.
Особено, како што вели, го радува добрата волја на пензиските друштва кои управуваат со средствата од вториот столб.
– Тоа ни дава мотив и буквално кажува дека она што, доколку било изгубено нешто, луѓето нема да бидат оштетени. Јас гарантирам дека нема да бидат оштетени, лично им гарантирам како министер за труд и социјална политика, истакнува Ибрахими.
Одговарајќи на прашање кој ги натерал овие луѓе да го направат тоа и да се префрлат во вториот пензиски столб, наместо да останат во првиот министерот Ибрахими вели дека првичните сознанија се оти вината е и кај самите лица коишто потпишале договор, меѓутоа дека дел има и кај агентите кои не им ја прикажале состојбата дека ќе бидат оштетени, дека префрлувањето не е полезно за нив.
– Меѓутоа не треба да бараме сега кој е крив, туку да најдеме соодветно решение за да лицата не бидат оштетени. И она што е како добивка што треба да остваруваат да го вратат назад, вели министерот за труд и социјална политика во интервјуто.Откако се јави одреден број граѓани кои по воспоставувањето на двостолбниот систем биле префрлени од првиот во вториот столб и на таков начин претр